1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

И токму Марио Геце...

При неговото враќање на Сигнал Идуна стадионот, Марио Геце го постигна голот за 1:0 , што значеше вовед во победата на Бајерн Минхен од 3:0 во германското „класико“ против неговиот доскорешен клуб Борусија Дортмунд.

Марио Геце немаше желба да зборува за победата на Бајерн и за неговиот личен успех на натпреварот во Дортмунд. Без зборови 21-годишниот играч на Баварците го напушти стадионот на неговиот поранешни клуб и го остави извинувањето наместо него во катакомбите на Сигнал Идуна Парк да го изрече директорот за медиуми на Бајерн Маркус Хервик: „Марио не сака ништо да изјави. Тој и претходно беше многу воздржан“, побара Хервик разбирање од страна на новинарите. Можеби на младиот германски репрезентатвец сѐ уште му ѕвонело во ушите од громогласниот концерт од свирежи на стадионот на Борусија по неговото влегување во игра во 56-та минута.

Точно 10 минути подоцна замолкнаа сите, па дури и најнавредливите извици од прочуената јужна трибина во Дортмунд наречена „Јужен ѕид“ насочени кон Геце. По едно додавање на Томас Милер, Марио Геце кој сезонава за 37 милиони евра од Дормтунд премина во редовите на Баварците, со десен надворешен фелш погоди среде црно-жолтото срце.

„Марио е кул тип“

Со погодокот за 1:0 токму тој го направи воведот во победата на Бајерн против дотогаш извонредната Борусија. „Вакви приказни се типични за фудбалот. Не знам дали тоа се случува и на друго место“, го коментираше погодокот на Геце, неговиот соиграч Милер. По постигнатиот гол, Геце се откажа од вообичаеното прославување на голот: "Реакцијата на Марио упатува на голем респект кон неговиот поранешен клуб“, изјави спортскиот директор на Бајерн, Матијас Замер, кој истотака има успешна кариера како играч но и тренер во Борусија од Дортмунд.

Дури и одговорните во поразениот клуб искажаа зборови на пофалба за поранешниот миленик, кој сега игра за најголемиот ривал. „Марио е кул тип. Свирежите не му можат ништо“, изјави генералниот директор на клубот Ханс Јоахим Вацке. Тренерот Јирген Клоп пак истакна : „Дека Марио знае да дава голови, знаеме и ние. Дека токму тој го направи воведот во нашиот пораз, не го прави поразот поболен“.

Поразот на Борусија според мислењето на фудбалските коментатори и експерти во Германија на крајот испадна далеку поубедлив од што требаше да биде, со оглед дека играчите од Дортмунд во најголем дел од натпреварот беа рамноправен противник на Баварците, а имаа и позрели шанси за гол. Сепак Минхенчани, под водство на тренерот Пеп Гвардиола, го искористија налетот по водството од 1:0 и со головите на Робен и Милер од прекрасни контра напади го поставија конечниот резултат.