1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И сопругата го напушти експретседателот Вулф

Една година по оставката на функцијата претседател, екс претседателот Кристијан Вулф се раздели од сопругата. Истрагата против претседателот се’ уште е во тек.

Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф и неговата сопруга Бетина се разделуваат. Адвокатот на сопружниците Гернот Лер за агенцијата дпа денеска соопшти: „Бетина и Кристијан Вулф изминатиот викенд во взаемна согласност просторно се разделија, заеднички ја преземаат одговорноста за синот и нема да даваат натамошни соопштенија за нивниот приватен живот“.

Претходно весникот „Билд“ повикувајќи се на „високи кругови од ЦДУ“ информираше за разделбата на сопружниците. Разделбата доаѓа речиси една година по оставката на Вулф на функцијата сојузен претседател на 17. февруари 2012 година. Според „Билд“ сопружниците Вулф утрово потпишале спогодба за разделба. Бетина Вулф ќе остане да живее во заедничката куќа во Хановер, додека екс претседателот Кристијан Вулф веќе се отселил од куќата.

Оставката на Вулф по само 598 денови на претседателската функција следуваше по повеќемесечна афера дека Кристијан Вулф користел поволни кредити и бесплатни одмори кај пријатели претприемачи. Обвинувањта се однесуваат на периодот кога тој беше покраински премиер во Долна Саксонија. Државното обвинителство во Хановер води постапка поради сомневање за недозволена корист на службена должност.