1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

И слепи лица можат да го доживеат фудбалот - посебен сервис на стадионите во Германија

Возбудувањата на фудбалските средби, кои во Германија секоја недела на трибините на стадионите привлекуваат стотици илјади љубители на тој спорт, не им се ускратени ни на слепи или лица со оштетен вид. Тие, се разбира, не можат да го гледаат натпреварот, но тоа не значи и дека не можат да го следат текот на настаните и да ја доживеат атмосферата, благодарение на еден посебен сервис воведен на се’ повеќе стад

Возбудливите моменти можат да ги доживеат и слепи љубители на фудбалот на стадионите во Германија

Возбудливите моменти можат да ги доживеат и слепи љубители на фудбалот на стадионите во Германија

�они. Наредната година таков сервис ќе им овозможи на слепите да ги доживеат и натпреварите од Светското фудбалско првенство.

26-годишниот Волфганг Гомерзбах на стадионот во Келн токму пренесува натпревар на тамошниот второлигаш. Крај него, сосем близу до работ на теренот, со слушалки на ушите, седи мала група слепи љубители на фудбалот и внимателно го следи репортерот. Меѓу нив е и Маркус Зимон, со години верен навивач на фудбалскиот клуб Келн. „Овој сервис со слушалки и репортер го има од пролетниот дел на минатогодишното првенство. Порано со придружник влегувавме на стадионот и седевме на работ од теренот. Така ја доживувавме атмосферата, а по малку ни помагаше и придружникот“ – вели Зимон. Денес на работите им се приоѓа многу попрофесионално: репортерот им пренесува слика на она што се случува на теренот, кој ја има топката, кој е заменет или каква информација се појавува на семафорот. Тој им овозможува на слепите, така да се каже, „преку ушите да го гледаат“ натпреварот.

„Вака си во тек со натпреварот од првата до последната минута и можеш во целост да го доживееш. Ги слушаш и играчите, повиците, ја слушаш топката, гледачите, репортерот. Соучествуваш, се лутиш, се радуваш, скокаш, славиш, пееш, навиваш“ – пренесува Зимон.

Слепите навивачи посакуваат од своите репортери, покрај добри познавања на фудбалот, да имаат и чувство за детали. Поради тоа како репортери најчесто се ангажираат луѓе кои соработуваат во работата со младите категории во клубот, па имаат осет и за фудбалски финеси. Фудбалскиот клуб Келн има тројца такви репортери кои се менуваат за време на средбата. Во почетокот не било лесно, раскажува Волфганг Гомерзбах: „Немав искуство, пренос од сите 90 минути е сосем различен од вклучувањата од по само неколку минути во радио-преносите. Овде е важно да се пренесе она што фактичи се случува на теренот“.

Сервисот во Келн, освен директниот пренос, на слепите лица им нуди и топли и студени пијалоци, ќебиња или дури и наметки за дожд. Влезниците се ефтини – 6 евра. Кај Баер Леверкузен, првиот германски клуб кој уште во 1999-та година понуди сервис за слепи лица, чинат само 5, но без вонредните додатоци. Штефан Рем, надлежен за спортски приредби на стадионот Бајарена, вели: „Ние пред 5-6 години го видовме тоа во Англија и тогашниот раководител на фудбалскиот оддел Курт Фосен го пренесе тој сервис и овде. Се собравме на средба со одговорните од областа на техниката и на обезбедувањето, како и со слепите љубители на фудбалот, и сето релативно брзо го реализиравме“.

Во Англија пионер беше Манчестер Јунајтед, во Германија примерот на Баер Леверкузен набргу го следеа и други клубови: Шалке, Хамбургер, Волфсбург. Во догледно време тоа ќе биде можно и на новиот минхенски стадион АлијанцАрена, каде се оспособуваат 15 места за слепи. Онаму каде веќе има таков сервис, засега не се искористени сите капацитети оти многумина од можните корисници воопшто и не се запознаени со тоа. Можност за поширока афирмација нуди претстојното светско првенство, догодина овде во Германија, зашто и такво посебно доживување нема да им биде ускратено на слепите лица.