1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

И се заканува ли на Германија социјален раскол?

default

Со оглед на силните протести против реформите на германската влада за пазарот на работна сила, кои особено силно се почувствуваа во источните покраини, канцеларот Герхард Шредер предупреди од нови поделби во земјата. Се уште нема реална опасност, но има доволно причини за загриженост, оцени Шредер за весникот “Супер Илу“.

Со оглед на повторените напади врз канцеларот со јајца од страна на разгневените граѓани во источната покраина Бранденбург, претседателот на Парламентот Волфганг Тирзе опомена дека: “Демократија е поврзана со разговор, а не со фрлање камења или јајца“. Спротив денешната седница на партискиот врв на владеачката Социјалдемократска партија, на која тема ќе бидат и протестите против реформите на пазарот на работна сила, Тирзе меѓутоа предупреди од претерувања, кога станува збор за опасноста од раскол во земјата.

Претседателот на државата Хорст Келер изрази загриженост од најновите појави и се огласи со препорака до владата на Шредер:

“И препорачувам на владата да ги посети луѓето и таму во нивните места да зборува со нив за да им ја појасни целта и смислата на реформите.“ Келер меѓутоа истовремено препорача владата да не се повлекува од зацртаните рефроми, бидејќи тие се неопходни.

Шефот на Здружението на германските синдикати Михаел Зомер, на синоќешната трибина на тема социјалната обединетост на Германија, што се одржа во Лајпциг, предупреди токму од можна социјална поделба на Германија:

“Можам да ја разберам погоденоста на луѓето овде, бидејќи тука е социјалната ситуација суштински полоша од онаа во најголемиот дел од западните делови на Германија. Затоа стоиме пред зголемена одговорност, што не смееме да ја испуштиме од вид.“

Претседателот на владеачката СПД, Франц Минтеферинг на тоа одговори:

“Ние нема да ги оставиме на цедило. И понатаму ќе продолжат субвенциите за истокот, но ние мораме исто така да ја развиваме и цела Германија. Мораме да се отгрнеме од разликувањето меѓу Исток и Запад!“