1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И‘ се гледа ли крајот на Ал Каеда?

Од почетокот на немирите во делови на арапскиот свет, терористичката мрежа Ал Каеда не се експонира. Набљудувачите претпоставуваат дека демократизацијата во арапските земји би можела да ги направи безначајни.

default

Светскиот печат е единствен во оценката дека Ал Каеда не играше значајна улога во револуциите во арапскиот свет. Истражувачот на исламот Албрехт Мецгер, вели:

„Само поради неколкуте успешни напади, во арапските земји и на Запад, сметавме дека Ал Каеда е посилна отколку што навистина е.“

Тоа, според Мецгер, покажува дека Ал Каеда во арапскиот свет е малцинство и дека нејзината идеологија на „света војна“ не е убедлива за широките народни маси. Додека Ал Каеда пропагираше дека само со насилство можат да се симнат несаканите диктатори од власт, народите во Египет и Тунис покажаа дека може и поинаку - мирно и цивилизирано.

Каде е Осама бин Ладен?

Ал Каеда е губитникот од историските пресврти во арапскиот свет, убеден е и Мохамад Абу Руман, научник и експерт за Блиски Исток во Центарот за стратешки студии во јорданскиот главен град, Аман.

„Ал Каеда секогаш нудеше свои одговори на една вкупна политичка криза на арапските режими. Оваа криза се изразуваше преку убедувањето дека не е на повидок

Osama bin Laden

„Good bye“ Осама?

мирен, демократски пресврт. Тука беше и алијансата меѓу арапските режими и Западот, алијанса која сопствените интереси ги ставаше пред демократското отворање.“

Стремежот кон демократија на арапските народи и барањето за социјална праведност, еднаквост и плурализам, се спротивни на темелните поставки на Ал Каеда. Тоа, според Абу Раман, на терористичката мрежа и‘ ја одзема идеолошката основа.

Она што е впечатливо е и фактот дека Осама бин Ладен, кој инаку не штеди свои коментари во видо-пораки, досега не се јавил за збор. Се чини со оглед на огромните престројувања, не нашол соодветни зборови, напиша во „Шпигел“ неодамна Јасин Мушарбаш, експерт за Ал Каеда.

Не е секаде исто

Повеќето експерти за Блискиот исток и за Ал Каеда се единствени во ставот дека ирелевантноста на идеологиите на Ал Каеда може да биде пресудна за таа да го загуби значењето. Вистинската демократизација и настанувањето на правни држави ги прави ваквите групации излишни. Но, не секаде работите се одвиваат на ист начин, предупредува Абу Руман:

Deutschland Terror Al Kaida Drohvideo Video

Влијанието на Ал Каеда не е исто во сите држави

„Влијанието на Ал Каеда не е исто во сите држави. Во Либија, која има племенска култура, на пример, или во Јемен, каде социјалните разлики се многу големи, состојбата е поинаква, отколку во Тунис или Египет.“

Доколку владетелите во Либија и Јемен не овозможат мирен демократски пресврт и ги втурнат земјите во хаос и граѓанска војна, од тоа полза за себе може да извлече Ал Каеда. Експертот Мецгер исто така смета дека сигналот за преудпредување треба да остане вклучен, зашто улогата на исламистичките групации во други земји, во кои нема демократски структури, се‘ уште не треба да се потценува:

„На пример, Пакистан, кој малку избега од визирот. Тоа за џихадизмот е важна земја, зашто таму радикалните талибанци се на пат да ја преземат власта, или во принцип да диктираат со општествените и политички структури. Мислам дека тоа за Ал Каеда е важно ’борбено поле’. “

Автор: Надер Алсарас / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски