1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Сенатот гласаше за компромисниот буџет на САД

За првпат по децении демократите и републиканците во САД постигнаа согласност за редовен буџет на земјата. По Претставничкиот дом на Конгресот и Сенатот со големо мнозинство го усвои двојниот буџет за 2014/2015. година

64 американски сенатори гласаа за , додека 36 беа против со што Сенатот синоќа го изгласа буџетскиот компромис кој вклучува финансирање на владините агенции во две последователни години, испраќајќи сигнал за фискалната стабилност на САД по блокадата на сојузната влада во октомври.

Во полза на законот во Сенатот гласаа сите демократски сенатори и девет републикански, додека некои сенатори од Републиканската партија беа против, бидејќи сметаат дека содржи зголемување на потрошувачката којашто го преминува прагот поставен со буџетот од 2011 година. Договорот беше заеднички разработен од комисијата за буџет составена од демократите и републиканците во двата дома на Конгресот формирана по буџетскиот ќорсокак во октомври, кога 16 дена беа затворени федералните служби и агенции. Спротиставеноста по ова прашање во октомври во Конгресот предизвика блокирање на работата на владините служби во текот на две седмици, што придонесе за сериозен пад на довербата на двете партии кај граѓаните.

Компромисната варијанта на буџетот на две години претходно беше одобрен од Претставничкиот дом зо 332 гласа за и 94 против, овозможува да се избегне намалувањето нa буџетските расходи на 63 милијарди долари. Политичките коментатори буџетскиот компромис го вреднуваат како сигнал дека е можен крај на блокадата од страна на приврзениците „Ти Парти“ , радикалното крило во Републиканската партија

Следниот спор за финансиите во САД се заканува напролет, кога државата ќе го достигне законскиот лимит на вкупни долгови.