1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Русија се вклучи во истрагата за смртта на Арафат

Палестинците се координираат со Русија, но и со швајцарски и француски експерти, за ексхумација на телото на претседателот Јасер Арафат, информираше денеска (11.11) претседателот на Палестинците Махмуд Абас.

Арафат почина во француска воена болница во близина на Париз, на 11-ти ноември во 2004 и француските експерти не беа во можност да кажат од што почина тој. Многу Палестинци се убедени дека тој бил отруен од страна на Израел.

„Ние во моментов сме во координација со француски истражители, експерти од Швајцарија и руската влада за отворање на гробот“, рече Абас за време на одбележувањето на осмата годишнина од смртта на Арафат.

Со оваа изјава за првпат некој палестински функционер информира дека во новата истрага за смртта на Арафат е вклучена и Русија. Француските експерти во август годинава отворија истрага за убиство откако телевизијата Ал Џазира емитуваше истрага во која швајцарски експерти велат дека тие откриле големи количества на радиоактивен полониум во личните предмети на Арафат.

Yasser Arafats Grab Exhumierung geplant

Член на палестинската претседателска гарда стои до гробот на Јасер Арафат во Рамала

Француски тим ќе пристигне во Рамала на 26-ти ноември за да ја започне работата на ексхумација на телото, информираа минатиот месец палестински извори, додавајќи дека швајцарските експерти ќе дојдат во исто време поради операција за која е потребно време од „неколку недели до еден месец“.

Полониумот е високотоксична супстанца, која е тешко да се најде надвор од воени и научни кругови. Тој беше употребен за убивањето на поранешниот руски шпион, кој го критикуваше Кремљ, Александар Литвиненко, а кој почина во 2006-та година во Лондон, кратко по пиењето чај со овој отров.

Alexander Litwinenko

Александар Литвиненко, поранешниот руски шпион кој беше ликвидиран со полониум

Француската истрага за убиство беше отворена на крајот на август, по барање на вдовицата на Арафат - Суха, која во време на смртта одби да даде согласност за аутопсија. Оваа недела Насер ал-Кидва, внук на Арафат и шеф на Фондацијата „Јасер Арафат“, го повтори своето „противење од принцип“ за ексхумацијата, „првенствено поради тоа што примероците собрани по осум години би можеле да бидат клинички неупотребливи“.

„Секој Палестинец е убеден дека Арафат беше убиен“, изјави Ал Кидва за новинската агенција АФП, „но ниту отворањето на гробот нема да ги убеди во скепсата за вистината“.

Годишнината од смртта беше одбележана на Западниод Брег со серија на настани, вклучувајќи и бдеење со свеќи за лидерот-икона. Арафат беше на чело на Палестинската ослободителна организација над 30 години.