1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

И покрај кризата Германците за Божик потрошија повеќе од лани

Божик на трговците во Германија им донесе поголем профит отколку лани - на почетокот на декември се трошеше „срамежливо“, но во последната недела потрошувачите навистина „дадоа гас“.

default

Трговијата на мало ќе направи конечен биланс наредната недела, но веќе сега е јасно - последната недела пред Божик ги спаси трговците. Раководителот на Сојзуот на трговците на мало, Кај Фалк, изјави дека профитот веројатно ќе биде нешто поголем од лани.

Годинава најмногу се купувале часовници и накит, но и играчки, таблет-компјутери и смартфони, вели Фалк. Нешто полошо изгледа во продавниците за облека. За разлика од минатата година, многу помалку се продавале зимска облека и облека за скијање. Фалкс смета за тоа се „виновни“ временските услови, чиј белег во изминатите недели беа навистина високите температури за овој период од годината.

Flash-Galerie Männer Shopping

Особено успешна годинава е онлајн-трговијата. Таа веројатно ќе има пораст во просек од 10 проценти, а некои трговци јавуваат и за многу повисок профит. Од онлајн-тргувањето пак, профитираат фирмите за разнесување пакети. Така ДХЛ годинава, во предбожиќниот период, разнесол една петтина повеќе подароци во споредба со 2010-та.

Кога се прави споредба меѓу големите и малите градови, годинава е особено впечатливо дека во метрополите продажбата одела одлично, додека во помалите места обртот е помал. Според она што го регистрирало здружението на трговци во регионот Ахен-Дирен-Келн, пак, интересно е дека вчера (23.12), ден пред Бадник, најголемиот дел купувачи биле мажи, кои вообичаено своите подароци ги купуваат во последен момент.

Автор: ЕМФ/дпа/ард

Редактор: Симе Недевски