1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

И покрај законот против пушење, бројот на пушачи расте

Денеска (31.01) е светски Ден без цигари. Во Македонија и покрај законот против пушење, бројот на пушачи се зголемува. Загрижува што децата почнуваат да пушат се‘ помлади.

default

Според нецелосните податоци на Државниот пазарен инспекторат, во Македонија во 2011 година биле извршени околу 4700 инспекциски надзори. До судовите се поднесени околу 190 барања за покренување прекршочни постапки против оние кои не го почитувале законот против пушење. Само во последните три месеци од ланската година биле извршени повеќе од 1800 контроли и привремено биле затворени стотина угостителски објекти во траење од 7 до 15 денови. До надлежните судови се поднесени 104 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 15 за поединци, кои биле „фатени“ на самото место со цигара во уста.

Законот против пушење не се почитува во западниот дел на земјата

Виктор Дерменџиев, раководителот на Одделот за инспекциски надзор во споменатиот инспекторат, нагласува:

Symbolbild Rauchverbot

Генерално, законот за забрана на пушење на јавни места се почитува

„Генерално, законот за забрана на пушење на јавни места се почитува. Но, пазарните инспекори се соочуваат со тешкотии со неговата примена на теренот, особено во западниот дел на земјата. Има случаи кога инспекторите наидуваат дури и на закани по нивната физичка безбедност. Поконкретно, односниот закон се крши најмногу во Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево.“

Светската здравствена организација веќе ги има соопштено своите податоци дека околу 40-50 отсто од македонската популација на возраст над 15 години се редовни пушачи. Од вкупниот број смртни случаи во земјата, 12 проценти се поврзани со пушењето, а процентот забрзано расте и достигнува 21 отсто кај населението на возраст меѓу 35 и 69 години. Се‘ поголем дел од пушачите се деца и тоа на возраст од 11-12 години. Од нив, околу 23 проценти се изјасниле дека пробале цигара, а 16 проценти дека ќе го сторат тоа идната година.

Годишно 870 мртви од рак на белите дробови поради пушењето

Д-р Мирјана Бабамова, координаторката на невладината организација за борба против рак „Борка - за секој нов ден“ од Скопје, за Дојче веле укажува:

„Според последните статистички податоци, во земјата, во текот на една година, од карцином на белите дробови заболуваат 43 лица на 100.000 илјади жители, или околу 870 луѓе. Докажано е дека некои луѓе се почувствителни на дејството на канцерогените материи, како што се оние кои се наоѓаат во чадот од цигарите. Најмалку 4 од 5 случаи на рак на бели дробови се јавува кај пушачи. Со прекинување на пушењето значително се намалува ризикот, но сепак некогашните пушачи се поподложни на појава на рак на бели дробови од непушачите.

Zigarette Zigarettensteuer Kosten Rauchen NO FLASH

Во текот на една година, од карцином на белите дробови заболуваат 43 лица на 100.000 илјади жители, или околу 870 луѓе

Таа дополнува:

„Во своето петгодишно постоење здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“ има организирано повеќе кампањи и едукативни предавања во средните училишта и универзитетите во Македонија на тема ’Пушењето - еден од главните причинители за појава на белодробен карцином’. Здружението, во соработка со скопската општина Центар, организираше и кампања со поставување 10 пепелници во облик на бели дробови на најфреквентните места низ Скопје. Пепелниците во облик на бели дробови јасно ги прикажуваат негативните ефекти од пушењето и преку нив се апелира за откажување од консумацијата на никотин.“

Загрозени и пушачите и непушачите

Чадот на цигарите содржи околу 4.000 хемиски соединенија, од кои 60 се канцерогени. Најопасни и најпознати се никотинот, катранот и јаглерод моноксидот. Никотинот предизвикува зависност, катранот ги оштетува белите дробови, а јаглерод моноксидот се врзува со хемоглобинот во крвта и го ослабува организмот, правејќи го подложен на болести.

Flash-Galerie Rauchen und Gesundheit

Научните истражувања покажуваат дека последиците од штетното влијание на цигарите не се загрозени само пушачите, туку и непушачите. Покрај ракот на белите дрбови, пушењето често предизвикува емфизем, карцином и на усната празнина, срцеви болести, дијабетес, мозочен удар, а има големо влијание и за појава на респираторни инфекции и други пречки во организмот. Епидемиолошката анализа покажала дека пушењето е причина за преку 10.000 смртни случаи во Македонија.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска