1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Париз е поубав без визи

Групата од 140 избрани македонски граѓани симболично ги отвори портите на ЕУ со посета на Париз. Тие на првото патување без виза во Европа можеа да се чувстуваат како Македонија веќе да е дел од Шенген зоната.

default

Македонските туристи можеа да ја видат прекрасно божикно украсената улица Шанзелизе

Избраните 140 македонски граѓани, меѓу кои новинари, студенти и обични граѓани од кои најбројни сепак беа младите, на парискиот аеродром „Роаси- Шарл де Гол“ беа пречекани како вистински важни гости.

Протоколот на француското министерство за надворешни работи им дозволи на македонските граѓани при првото нивно патување без виза во Европа да се почувстуваат како Македонија веќе да е дел од Шенген зоната. Контрола скоро и воопшто да немаше на влезот на една од најконтрoлираните европски граници.

150 Mazedonier sind erstmals seit 20 Jahren ohne Visum in der EU

Македонските туристи ја посетија и амбасадата на Р. Македонија во Париз

„Имавме олеснителни околности при влегувањето во Франција и излегувањето од Македонија, значи ги немаше тие процедури за вадење визи и другите допонителни процедури“.

„Ова е битен момент за граѓаните на Република Македонија, значи во иднина граѓаните слободно ќе се движат во земјите од Европската Унија.“

„Дефинитивно полесно, бидејќи сега не мора и не ни бараат визи. Тоа, за нас студентите е особено важно бидејќи понатаму ако планираме да го продолжиме нашето образование на европските универзитети или да учествуваме во некоја програма за размена на студенти. Тоа дефинитвно е голема предност.“ , ни велат нашите први соговорници.

Прекрасни впечатоци од студениот Париз

Но време за губење немаше. Трите автобуси придружувани со полициска придружба за да можат полесно да се движат во густиот сообраќај веднаш се упатија кон Трокадеро од каде се најдоа под Ајфеловата кула. Поларниот студ кој ја зафати француската престолнина, беше поподнослив со убавото сончево време и пред се поради возбудата дека се доживува нешто необично. Необично е да се видат и Марсовите полиња под Ајфеловата кула покриени со снег. Одброеното време не дозволува да се ужива доволно во овие пријатни мигови. Затоа, тие беа овековечени со фотоапаратите. Веднаш потоа враќање во автобусите и турситичка прошетка низ Париз: Музејот Бранли, Инвалидите, Кеј д’Орсеј, Националното Собрание, Конкорд, Нотрдам-Виктор Иго и „Богородичната црква“ се слуша гласот на туристичкиот водич во автобусот.

150 Mazedonier sind erstmals seit 20 Jahre ohne Visum in der EU

Единствена можност: Фотографија со министерката за внатрешни работи Гордана Jанкуловска во Париз

Се оди многу брзо, пребрзо. Петнаесет минути пауза во дворот на Лувр, пред стаклените пирамиди, петнаесет минути под Триумфалната порта, фотографии за спомен. Еве што забележавме меѓу првите безвизни туристи дојдени од Македонија.

„ Прекрасно, не знам друго што би кажала, супер, одлично. Како што ми е прво патување во Париз без виза, а и воопшто ова ми е прво патување, нормално е дека ќе ми биде супер.“

„Имавме прекрасен водич и многу убаво си поминавме.“

„Најмногу што ми се допадна е патувањето во авионот, бидејќи прв пат патувам со авион, тоа ми беше највозбудливо. Во Париз сме и тоа е доста возбидливо, добро си поминавме, шетавме иако околностите не беа баз шетање беше многу ладно.“

„Прекрасни се впечатоците со кои се враќаме, навистина имаше да се видат многу нешта и интересни работи.“

Голем успех за сите

Коктел вечера во Македонската амбасада, во амбиент од „Убавата епоха“ на Париз, каде беа поздравени од Васко Наумовски, вице премиерот за евроинтеграции.

„Денес е првиот ден кога сите македонски граѓани можат да патуваат во Европа без визи, што е еден голем успех за сите нас.

150 Mazedonier sind erstmals seit 20 Jahren ohne Visum in der EU

За министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, првото патување носи голема симболика, бидејќи денес симболично повторно се отворија вратите на Европа за граѓаните од Република Македонија.

„Визната либерализација е процес кој е резултат на една голема сработена работа. Ова е верификација на сето она што го правевме и признани за едно ветување кое им го дадовме на граѓаните и тоа со задоволство можам да кажам дека тоа ветување го исполнивме.“

„Драги македонски пријатели добровечер“ , ги поздрави на македонски јазик, Бернар Валеро, поранешниот француски амбасадор во Скопје и сега портпарол на францускотот министерство за надворешни работи. Кој во името на француските власти им изрази благодарност што за првото патување без виза ја избрале Франција. Валеро посебно, го нагласи примерното однесување на Македонија во процедурата за укинување на визите.

Пред враќањето за Македонија, првите македонски патници без виза кон Европа беа почестени со автобуска прошетка на прекрасно божиќно украсената авенија Шанзелизе. По што тие се вратија за Македонија, со фотоапарати полни со спомени и по некој сувенир, купен на брзина.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски