1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

И официјално потврдена победата на Тачи и ДПК

*

Според првичните официјални резултати на Косово се потврдува победата на Демократската партија на Косово, ДПК на Хашим Тачи. Според податоците кои синоќа ги објави централната изборна комисија, оваа партија освоила 34% од гласовите. Второпласираниот Демократски сојуз на Косово, на претседателот Сејдиу добил поддршка од 21,8% што е за половина помалку од претходните избори во 2004 кога имаше поддршка од 45 отсто. Потврдено е и третото место на Алијансата за ново Косово на мултимилионерот Беџет Пацоли која има 12,1%. Комисијата соопшти дека резултатите се базираат врз 80% до 90% преброени ливчиња. Извори од победничката партија најавуваат дека најверојатно идната влада ќе биде формирана со нејзиниот досегашен главен ривал, Демократскиот сојуз на Косово.