1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

И Оскарот оди кај...

Кетрин Бигелоу ги победи мажите, Сандра Булок се победи самата себе си, а Кристоф Валц доживеа ѕвездени моменти - ова е резиме на 82-то доделување највисоките признанија за филмски остварувања „Оскар“.

default

Кетрин Бигелоу

Шоуто започна со полчасовно задоцнување. Водителите Стив Мартин и Алек Болдвин повеќепати ја засмеваа публиката.

Oscarverleihung 2010 Galerie Moderatoren Steve Martin und Alec Baldwin

Стив Мартин и Алек Болдвин

Веднаш на самиот почеток на гала-приредбата беше доделен „Оскарот“ за најдобра споредна улога. Решението го соопшти акерката Пенелопе Круз. Прогнозите се остварија - Австриецот Кристоф Валц го доби признанието за улогата на СС (ес-ес) офицер во филмот „Неславни копилиња“ на режисерот Квентин Тарантино.

Валц на перфектен англиски јазик им се заблагодари за поддршката на своите парнери од филмот Бред Пит и Дијане Кригер. Посебна благодарност тој му упати на режисерот Тарантино за неконвенционалниот, креативен начин на работа, без кого, како што рече, сега не би стоел на сцената.

Oscarverleihung 2010 Galerie Christoph Waltz

Кристоф Валц

Нема Оскар за германскиот филм

Германскиот претставник, филмот на Михаел Ханекес „Белата лента“, сниман во црно-бела техника, остана без признание, иако беше номиниран во две категории - за најдобар филм на неанглиски јазик, како и за најдобра камера.

Oscarverleihung 2010 Galerie Jeff Bridges

Џеф Бриџис

Голем повод за славење имаше Џеф Бриџис. По четири номинации, конечно во петтиот обид го доби „Оскарот“.

Бриџис го доби признанието за најдобра машка главна улога во филмот „Лудо срце“ во кој игра кантри-пејач, ноторен алкохоличар.

И Оскар и Малина за Сандра Булок

Сандра Булок во растојание од 24 часа доби две признанија - најпосакуваното и најнепосакуваното. Прво ја прими „Златната малина“ за најслабо актерско остварување, за потоа според очекувањата да му се израдува и на нејзиниот прв „Оскар“ за најдобра актерка.

Oscarverleihung 2010 Galerie Sandra Bullock Beste Schauspielerin Hauptrolle

Сандра Булок

Во категоријата главна женска улога 45-годишната Булок како конкурентка ја имаше, покрај другите и Мерил Стрип. Во емоционалното обраќање Булок, инаку со германско потекло, и’ се заблагодари на својата покојна мајка Хелга.

„Харт Локер“ го победи „Аватар“

Кетрин Бигелоу е прва жена во историјата на филмот што доби „Оскар“ за режија. Со нискобуџетниот филм за ирачката војна „Харт локер“ таа го победи 500 милиони долари скапиот спектакл „Аватар“ во режија на нејзиниот поранешен споруг Џејмс Кемерон.

Oscarverleihung 2010 Galerie Kathryn Bigelow Presse Backstage

Кетрин Бигелоу позира бекстејџ

Освен за режија, делото на Бигело го доби и најпрестижниот трофеј - прогласен е за најдобар филм, како и уште 4 други „Оскари“. На „Аватар“ му припаднаа три „Оскари“, а обата филма имаа по девет номинации.

Автор: Селма Усук / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска