1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

И обложувалниците ја „суспендираа“ Грција

Најголемите светски букмејкери го запреа обложувањето на банкрот на Грција. Оттаму велат дека забележале огромен наплив на облози. Во пораст и облозите за пропаст на еврото.

default

Сакавте да се обложите дека Грција ќе ја напушти еврозоната? Веќе е предоцна. Напливот од облози ги натера најголемите британски „букмејкери“ Вилијам Хил и Ледброукс да го запрат обложувањето на Грција. Од Вилијам Хил соопштија дека обложувањето оти Грција ќе ја напушти еврозоната достигнало такво ниво што станало премногу ризично натаму да се примаат облози.

„Веќе подолго време Грција беше фаворит, но сега луѓето единствено сакаа да се обложуваат само на неа“, вели портпарол на „Вил Хил“. Во оваа компанија во истовреме го суспендираа и обложувањето дека еврото ќе постои до крајот на 2015 година.

Од „Ледброукс“ соопштуваат дека го суспендирале обложувањето дека Грција ќе ја напушти еврозоната до крајот на годинава откако претходно во неколку наврати ги намалувале коефициентите. „За нас е побезбедно да го сопреме обложувањето, отколку постојано да ги намалуваме коефициентите“, велат од Ледброукс.

Сепак, во оваа обложувалница се’ уште примаат облози дека грчката берза ќе забележи загуба поголема од 25 проценти во еден ден. Доколку, пак, сте убедени дека грчката криза е само почеток на крајот на еврозоната, сеуште имате можност да се обложите на пропаст на еврото до крајот на 2012 година. На едно вложено евро ќе добиете 33.

Во обете обложувалници велат дека ќе го отворат пазарот за обложување на Грција, откако ќе се смири состојбата во оваа земја.