1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

И на Марс не е поинаку!

Сондата на НАСА Кјуриозити за првпат на Земјата испрати слики во боја од „црвената планета“. Научниците се воодушевени.

Вселенското возило Кјуриозити на НАСА синоќа од планетата Марс испрати прва панорамска фотографија во боја на кратерот Гејл каде се спушти сондата. „Првиот впечаток е, дека таму изгледа слично на Земјата“, изјави експерот на НАСА Џон Гротцингер по првичната анализа на фотографиите. „Делуваат, човек да се чувствува како дома. Интересно е сега да се види, што всушност таму е поинаку“.

Од слетувањето на Марс во неделата навечер, сондата на Земјата испрати само неколку фотографии, црно-бели со слаба резолуција како и една видео снимка со слаб квалитет од спуштањето. Роботот подоцна подигна централен столб на кој се наоѓа квалитетна камера која на научници на НАСА ќе им овозможи подобар поглед на околината.

Кјуриозити се наоѓа на двегодишна мисија на Марс каде треба да ја фотографира околината и да собира и анализира примероци на тлото за да се установи дали во кратерот Гејл некогаш имало услови за развој на микроскопски организми.