1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И натаму расте бројот на жртвите во Рига

Според најновите податоци на летонските власти во уривањето на супермаркетот во главниот град Рига загинале најмалку 51 лице. Уште 20 лица и натаму е водат како исчезнати.

Бројката на загинати лица во урнатиот супермаркет во главниот град на Летонија, Рига се искачи на 51, меѓу кои и тројца спасувачи, изјави началникот на Државната пожарникарско-спасувачка служба Оскар Аболинш.

Тој наведе дека потрагата по преживеаните е отежната поради отстранувањето на големите бетонски плочи. Според последните информации спасувачките екипи мора да проверат уште 400 квадратни метри од вкупно 1.500 квадратни метри од трговскиот центар во потрагата по можни жртви.

Покривот на покривот на супермаркетот „Максима“ ненадејно се урна во четвртокот вечерта (22.11) , на површина од околу 500 квадратни метри . Градоначалникот на Рига, Нилс Ушаков на Твитер напиша дека под урнатините можно е да има уште луѓе. Уште 20 лица и натаму е водат како исчезнатиМинистерот за внатрешни работи на Летонија Рихардс Козловскис изјави дека постојат назнаки оти не биле почитувани градежните безбедносни одредби.

Поврзана содржина