1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

И натаму растат производството и потрошувачката на дроги

Намалувањето на дрогата во целиот свет, ситуацијата на зависните во одделни земји или пристапот кон илегални дроги: Меѓународниот совет за контрола на зависноста на Обединетите нации секоја година ги публикува најновите информации за дрогите, лековите и илегалната трговија со средства за дрогирање. Вчера во Виена беше објавена најновата студија во која се констатира дека трговијата со дроги и натаму е во пораст.
Ниту една земја во светот во моментов не страда од илегалните зделки со дрога како Авагнистан. Трговијата со опиум во однос на претходната година повторно е во пораст и се заканува уште повеќе на политичката и социјалната стабилност на земјата, констатира оваа организација на Обединетите нации. Меѓутоа, дрогата не е значајна тема само во Азија или Јужна Америка, туку и на други континенти кога станува збор за хероинот и кокаинот, вели секретарот на оваа организација Херберт Шапе:
"За Европа може да се каже дека канабисот и натаму е дрога број еден. Се повеќе се произведува тука и тоа не само во Албанија, туку и во земји како Швајцарија и Холандија. Тоа е тесно поврзано и со спроведувањето на законите, но и со фактот дека во многу легални продавници постои негова понуда, подеднакво како и преку интернет. Оттаму до канабисот лесно се доаѓа, па постои сфаќање дека тој е скоро легален".
Со голема загриженост организацијата регистира дека постојат места за употреба на шприцови кои ги има и во Германија. Ваквите "институции" според орагнизацијата се спротивни на меѓународниот договор за контрола на дрогите:
"Кога има зависници од дрога кои се снабдуваат со илегални дроги и ги користат и покрај државната контрола ги консумираат, тоа не е во согласност со меѓународната конвенција. Освен тоа постои сомнеж во тоа колку се ефикасни таквите простории за вшприцување дроги кога станува збор за центрите за третман на зависниците од дроги".
Друг трн во окото на организацијата е растечката илегална трговија со лекови кои содржат зависнички елементи преку интернет:
"Во основа трговијата преку интернет не може да се забрани. Тоа има големи предности. Но, кога станува збор за лекови за кои е потребен рецепт, а кон тоа и лекови кои содржат психотропни супстанци или наркотици, тогаш таквите лекови не смеат да се увезуваат или извезуваат преку интернет апотеки. Тоа е прекршок на меѓународниот договор".
Кога станува збор за светската состојба со дрогите ваквиот извештај е многу значаен. Но, организацијата има еден хендикеп: таа може само да објавува звештаи, додека спроведувањето на препораките им е препуштено на државите или на други меѓународни организации.