1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

И натаму нема компромис за Косово

Претставниците на Белград и Приштина на денешното продолжение на преговорите во Баден , не постигнаа никаква согласност. Приштина не сака да слушне за ништо освен независност

default

Хашим Тачи сака само едно-Косово да стане држава

Лидерот на ДПК и иден премиер на Косово Хашим Тачи по преговорите со белградскиот преговарачки тим изјави: „ Позициите на Белград и Приштина се дијаметрално спротивни. Ние ја почитуваме вољата на граѓаните на Косово тоа да стане држава. Српската страна нуди широка автономија како во периодот на Слободан Милошевиќ. Многу тешко да се постигне компромис. Процесот ќе заврши на 10 декември. Потоа Приштина во согласност со Брисел и Вашингтон ќе ја донесе одлуката и ќе го продолжи патото за интегрирање во НАТО и ЕУ рече Тачи и додаде: „Можеме да преговараме уште 100 години но нема да дојдеме до компромис. Косово ќе биде држава и овој процес ќе продолжи преку мир и стабилност без криза во регионот, тоа е наша заложба„ Српксиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави дека Белград сака да биде постигнат компромис „ Ние навистина сакаме да разговараме за секоја точка од сите планови кои ги претставивме. Не наидовме на разбирање од другата страна. Тие само зборуваа дека ова не се преговори за статусот и ние не сакаме да зборуваме за статусот. Србија е подготвена на компромис и на преговори, но што пократко толку подобро„ рече Јеремиќ и додаде: „ Белград ја прошири понудата, ја збогати и изрази подготвеност за расправа за секој дел. Истовремено изразивме загриженост од последиците од унилатерални чекори. Се надевам дека Приштина и тројката сериозно ќе размислат за она што го ставивме на маса и за нашата загриженост „ изјави Јеремиќ Инаку воочи преговорите претставникот на ЕУ Волфганг Ишинфгер изјави дека ова е последен обид да им се овозможи на двете страни да се договорат за компромисно решение. Притоа тој нагласи дека не очекува продолжение на преговорите по 10 декември кога треба да му биде предаден извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун Рускиот претставник во тројката Александар Боцан Харченко имаше поинаков став: „Ќе инсистираме на продолжување на преговорите и по 10 декември но за тоа да го сториме ни требаат силни и добри аргументи„ изјави Харченко. Двете страни попладнево ќе имаат одвоени средби со тројката. Преговорите според најавите треба да завршат утре.