1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И натаму е се‘ отворено!

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер, по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на алијансата во Брисел, тврди дека ниту една покана за прием не е отпечатена!

default

Од денешната средба во Брисел

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, денеска (06.03.2008) во Брисел, не донесоа одлука земјите од т.н Јадранска група на самитот во Букурешт да добијат покана за членство во Алијансата.

„Нема решение, но времето за такво нешто е дојдено. Се надевам дека кога ќе дојде самитот ќе можеме да кажеме дека НАТО се проширува“, изјави во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, укажувајќи на самитот на Алијансата кој на почетокот на април треба да се одржи во Букурешт. Мнозинството од 26-те земји членки на НАТО во принцип се согласни Македонија, Албанија и Хрватска во текот на наредната година да станат членки на Алијансата. Тоа, како што нагласи и Шефер, е единствениот рецепт за стабилност на регионот.

Прво решение за спорот, потоа одлука

Кога станува збор конкретно за Македонија, претходно треба да биде пронајдено решение во спорот за името со Грција. Министрите за надворешни работи се надеваат дека долготрајниот процес ќе биде решен до самитот на Алијансата во Букурешт. Шефер во врска со овој проблем само кратко одговори дека НАТО одлуките ги носи со консензус и додаде дека Грција е членка на Алијансата, а Македонија не. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави: „ Јас би сакал сите три земји да станат членки. Но, доколку не биде изнајдено решение околу спорот за името, тогаш, поради неопходната едногласност за решението, за што ни‘ е потребна и согласност од Грција, нема да може да се донесе одлуката„ изјави Штајнмаер.

Belgien NATO Außenminister Treffen in Brüssel Dora Bakoyannis

Дора Бакојани пристигнува на средбата на министрите за надворешни работи

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани од Брисел уште порача дека политиката на северниот сосед не дава можност за поддршка на влезот на Македонија во НАТО.

Агенциите,повикувајќи се на дипломатски извори, пренесуваат дека министрите потпишале три комплетни пристапни документи за Јадранската група, без имиња на државите. Во меѓувреме не се отфрла ниту можноста само Хрватска која целосно ги исполни критериумите да добие покана за членство. Албанија, која има големи проблеми во реформите на армијата, може повторно да биде ставена на клупата за чекање.

Да не се ризикуваат односите со Русија

САД како водечка сила во Алијансата исто така вршат притисок за перспектива за идно членство на Грузија и Украина, кои бараат да бидат примени во акциониот план за членство.

Nato Treffen in Brüssel mit Frank Walter Steinmeier

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер

Многу земји, меѓу нив и Франција и Германија, не сакаат да ризикуваат и заради Украина и Грузија да ги влошат и онака затегнатите односи со Русија. Москва стриктно го отфрли приближувањето на двете поранешни советски републики кон НАТО. Германскиот министер Штајнмаер во врска со ова изјави: „За ова ќе дискутираме, но не кријам дека сум скептичен“

Инаку,американскиот државен секретар Кондолиза Рајс нагласи дека на НАТО му е потребно единство.

DW.COM