1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И натаму големи проблеми со финансииите

Една година по децентрализацијата , градот Скопје и натаму со старата болка -финансиите- вели во интервју за ДВ градоначалникот Трифун Костовски. Извадоци од интервјуто што со него го водеше Кериме Бектеши.

default

Како го оценувате функционирањето на вашата општина една година по децентрализацијата во Македонија?

„Неопходна е анализа и сумирање на сите резултати , како позитивни така и негативни. На почетокот ние фактички екпериментално влеговме во оваа децентрализација ,само со пренесување на надлежностите во сферата на образованието и на културата . Искуствата зборуваат за не толку позитивни работи од финансиски аспект.

За жал наидуваме на големи проблеми кога станува збор за финансиската подршка што требаше да ја добиеме од централната власт . Таа не е на ниво ниту на 50 насто од реалните потреби , што ги изискува и културата и образованието.

Според тоа со децентрализацијата постигнавме успех од аспект на самостојност на локалната власт, но од другастрана се соочивме со поголеми финансиски проблеми кои за жал , имајќи ја предвид особено тешката ситуација во која се наоѓа градот , која е наталожена од минатите периоди , тешко и паѓаат на градската управа...

Колку е застапена албанската националност во административните органи на општината и дали се употребува двојазичноста , што беше предвидено и со закон при процесот на децентрализација?

Пред моето доаѓање, морам да кажам дека тој процент беше никаков. Од првиот момент ние настојуваме застапеноста на Албанците да биде поголема и тоа се случува. Единствен услов во мојот мандат гласи: Јас ќе го почитувам Охридскиот договор и законските одредби за застапеноста на Албанците во администрацијата мора да се почитуваат но приоритет во ангажирањето на кандидатите за вработување во гратската администрација ќе биде професионалноста и подготвеноста да се одговори на задачите.

Што се однесува на двојазичноста ние како гратска администрација целосно го почитуваме тој принцип и правиме се што треба во гратските органи тоа да функционира.Седниците на Советот се одвиваат двојазично и сите документи се подготвуваат на македонски и албански . Сеуше меѓутоа ни недостасуваат преведувачи кои можат квалитетно да одговорат на задачите. Но тоа е проблем што си бара време...