1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И натаму без резултат

Шефовите на дипломатии на петте земји постојани членки на Советот за безбедност и на Германија , синоќа одржаа нова рунда консултации за спорот околу иранската атомска програма , на која изостана битно приближување на ставовите

Ахмединеџат му пиша на Буш , но тоа не влијаеше врз преговорите во ОН

Ахмединеџат му пиша на Буш , но тоа не влијаеше врз преговорите во ОН

Беа тоа необично интензивни разговори во Советот за безбедност меѓу министрите за надворешни работи на поделените земји членки со право на вето и на Германија. Цели два часа тие се одвиваа во мал круг на учесници , значи само министрите и нивните преведувачи , меѓутоа не беше остварен пробив околу идната резолуција за Иран. Видливо заморениот германски министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер по средбата изјави:

„ Сметам дека во неколку часовните заеднички дискусии вечерва успеавме да ги приближиме ставовите , без притоа , да се постигне единство меѓу членовите на Советот за безбедност околу конкретното формилирање на нацрт-резолуцијата“

Пет до шест точки и натаму се спорни , за Кина и Русија од една и останатите земји членки на другастрана .

Најголемата од нив е тоа што Пекинг и Москва не гледаат основа за донесување на резолуција , која ќе биде формулирана врз основа на членот седум од повелбата на ОН ,кој овозможува воведување санкции или дури и воен ангажман против Иран доколку земјата не запре со збогатување на ураниум .

Германскиот министер за надворешни работи , вчера не сакаше да ги коментира ниту предлозите на генералниот секретар на ОН Кофи Анан дека би требало да има директни преговори со владата во Техеран. Истотака веста за обидот на иранскиот претседател Ахме,динеџат за воспоставување на контакт со американскиот претседател Џорџ Буш , преку писмо од 18 страници , за Штајнмаер и неговите колеги дојде предоцна:

„ Тоа секако игра улога , но нормално не можеше да влијае врз дискусијата вечерва , бидејќи учесниците во неа не знаеја за писмото и од американска страна беше соопштено дека за темата атомска програма на иран тоа не носи ништо вредно за споменување“

Но имаше и има потреба за натамошни разговори – а резолуцијата за Иран сеуште не е на повидок . Франк Валтер Штајнмаер прогнозираше:

„ Ќе кажам : дискусијата мора да продолжи , и може да се случи за тоа да ни бидат потребни уште десет или 14 дена„