1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

И натаму без никaкво приближување

Вчера во Виена завршија преговорите за идниот статус на Косово. Основа за преговорите беше предлогот на специјалниот претставник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари. Меѓутоа, и по две недели преговори, нема компромис меѓу Србите и косовските Албанци. Финскиот посредник соопшти дека двете страни и натаму имаат дијаметрално спротивни ставови.

Меѓународното присуство ќе остане: вака или онака

Меѓународното присуство ќе остане: вака или онака

Наредната и веројатно последна средба пред Ахтисари да го претстави конечниот предлог за иднината на Косово треба да се одржи на 10 март, повторно во Виена, но тогаш со претседателите и премиерите на двете страни.

Конечното решение за иднината на Косово е во рацете на Советот за безбедност. Какви се позициите и дали воопшто се исплатува и натаму да се преговара?

Престатвниците на Белград и Пришина во Виена многу помалку преговараа за статусот на Косово, а многу повеќе за многу важни детали што треба да го определат идниот живот на Косоварите. Иако Ахтисари е оној што е определен од страна на Обедиентите нации да ги води преговорите, обврска имаат пред се членовите на таканаречаната контакт група: Соединетите Американски Држави, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Италија кои истакнуваат – решавањето на косовското прашање мора да биде во согласност со желбата на народот.

Вака посматрано, статусот би требало да биде сосема јасна работа за Финецот: скоро двата милиона Албанци кои претставуваат скоро 90 проценти од вкупното население, никако не сакаат и натаму да бидат дел од Србија. Според тоа, одговорот на прашањето за статусот би можел да биде само независност под управа на Обединетите нации. Меѓутоа, бидејќи Србите ова не го прифаќаат, Ахтисари пред десет дена во Виена повторно мораше да констатира:

„Ништо не укажува на тоа дека двете страни во врска со статусот се движат во некоја друга насока од досегашната„.

Така, оваа преговарачка рунда се однесуваше многу повеќе на статусно неутрални теми, како локалната самоуправа, полицијата, судството. Од 21 февруари до 2 март, делегациите ги коментираа деловите од планот на Ахтисари. Доаѓаа и си заминуваа со цврсти ставови, како што вели шефот на албанската делегација Ветон Сурои:

„Белград и Приштина кон предлогот на Ахтисари приоаѓаат од сосем различни позиции. Белградската делегација дојде со нов предлог – пакет кој во суштина го менува предлогот на Ахтисари„.

Додуша во неговиот предлог многу е запишано за заштитата на малцинствата, за заштитата на српските цркви и манастири, за локалната самопуправа на срспките општини. Планот предвидува и лесно вооружена единица од околу 2 илјади луѓе, така да се каже нуклеус на една косовска армија, потоа нов устав, национално знаме и химна за Косово. Меѓутоа, најважното е Косово да добие право да бара членство во Обединетите нации. Бидејќи планот предвидува цивилно присуство на Европската унија место мисијата на Обедиентите нации и останување на НАТО во првите години, дипломатите зборуваат за „контролирана независност„ на Косово. Ова Албанците го прифаќаат иако радо би сакале веднаш целосна независност.

Србија пак нуди само широка автономија, предлог што на запад се третира како нереален. Сепак, Србија е самоуверена. Причината за тоа ја објансува шефот на српската делегација Леон Којен со поглед кон очекуваната нова резолуција на Советот за безбедност:

„Преговорите ќе продолжат во Њујорк без тоа да значи една земја да мора да стави вето. Она што се чини дека е надеж на Приштина, имено јасен пат ко независност, тоа, според мене, нема да се случи„.

Да се стави вето или не: пред овој избор се наоѓа Русија, зашто новата резолуција дефинитвно треба да го расчисти статусот на Косово. Во минатиот месец рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Берлин го критикуваше прејудицирањето на решението од страна на Ахтисари:

„Господин Ахтисари доби налог да посредува меѓу двете страни во врска со косовското прашање. Решение за тоа можат да најдат само двете страни и никој не може да ги принуди на некое решение. Во таква игра Русија нема да учествува„.

Значи компромис не е можен, а без компромис Москва нема да прифати решение во Советот за безбедност. Се чини, руската стратегија е продолжување на преговорите. Америка и Европа напротив сакаат решение што побргу, зашто косовското прашање останува да виси и по 8 години од војната. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, по средбата со Лавров ги призна разликите:

„На тој план не сме сосем согласни. Затоа во наредните денови и недели не е потребен највисок степен на усогласување„. Решение за идниот статсу на Косово, според зборовите на Штајнмајер, може да се очекува дури во втората половина на оваа година.

А, како што засега е познато, Марти Ахтисари, својот конечен предлог ќе му го достави на Советот за безбедност во втората половина на овој месец.