1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Мјанмар наскоро атомска сила?

Воениот режим во поранешна Бурма, веќе подолго време работи на изградба на нуклеарен реактор и на атомско вооружување. Ова го тврдат лица кои пребегале од Мјанмар, а биле вклучени во нуклеарната програма на оваа земја.

default

Се вели дека Мјанмар во своите планови е поддржан од Русија. Уште пред две години беше објавено дека Мјанмар потпишал договор со рускиот производител на енергија РОСАТОМ за изградба на нуклеарен реактор. Во изминатите неколку недели американската влада предупредуваше на опасноста од се’ потесната соработка меѓу Мјанмар и Северна Кореjа. Уште во јуни еден мистериозен брод од Северна Кореја тргна во правец на Мјанмар, но се врати назад дури откако беше засилен меѓународниот притисок.

Тајна соработка со Северна Кореја

Than Shwe, Führer der burmesischen Militärjunta

Генералот Тан Шве е предводник на воената хунта во Мјанмар

Џим Волш, експерт за безбедност на Институтот за технологија во Масачусец вели дека постојат се’ повеќе индиции за нуклеарните амбиции на Мјанмар, но не и јасни докази: „Бурма веќе подолго време е заинтересирана за нуклеарна програма. Воената хунта во земјата во 80-те и 90-те години од минатиот век имаше добри односи со Северна Кореjа но веќе неколку години нивните претставници тајно се среќаваат и постојат воени контакти. Истовремено Бурма со руска помош се обиде да изгради мал нуклеарен реактор.“

Мјанмарскиот весник „Мизава њуз“, кој се издава во егзил, на крајот на јули објави извештај за постоење на тајни документи и планови на воената хунта и на Русија за изградба на нуклеарен реактор од 10 милиони мегавати. Наводно постои и воена соработка со Северна Кореjа за изградба на систем од тајни тунели во Мјанмар.

За пет години Мјанмар ќе има атомска бомба?

Myanmar Birma Karte Landkarte

Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон пред две недели на азиската безбедносна конференција во местото Пукет во Тајланд предупреди на опасноста од таа соработка: „Некои земји сакаат нуклеарна технологија за сопствена одбрана, зашто се чуствуваат загрозени. Некои пак го сакаат истото поради престиж, за да си обезбедат меѓународен статус. Пред се’ властите на една земја, кои немаат внатрешно-политички легимитет, но и меѓународен легитимитет би можеле да се обидат тоа да го компензираат со атомска технологија. Иако тоа по правило не функционира некои лидери сепак сметаат дека тоа е така“, истакна Клинтон.

Тајландскиот дневен весник „Бангкок пост“ за време на викендот пишуваше дека Мјанмар уште пред неколку години започнал да формира т.н. нуклеарен батаљон. До 2012 година околу 1.000 војници би требало да бидат обучени за примена на нуклеарно оружје. Доколку се точни извештаите на лицата кои пребегале од Мјанмар, оваа земја би можела веќе за пет години да заврши со работата на создавање на атомска бомба.

Автор: Бернд Муш Боровска / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска