1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

И менаџерите на Левандовски сега се милионери

Најголемата германска фудбалска сапунска опера конечно заврши- најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски од налето се сели во Бајерн. Бројни критики во печатот за агентите на фудбалерот.

Извонредниот полски напаѓач потпиша петгодишен договор со најтрофејниот германски клуб со кој од следната сезона ќе заработува околу 8 милиони евра годишно. Борусија нема да добие ниту цент од трансферот, затоа што договорот на Левандовски истекуваше налето.

Со тоа е ставен крај на театарот кој траеше речиси една година. „Она што се случуваше во изминатиот период е одличен материјал за вистинска сапуница“, ќе напише по тој повод весникот „Зидојче Цајтунг“. Во прв план беа оние на кои најмногу им одговараше Левандовски што побрзо да премине во Минхен- неговите агенти и советници Маик Бартел и Чезари Кухарски.

„За разлика од фудбалерот кој воглавно молчеше, неговите менаџери редовно даваа изјави за германските и полските медиуми, говореа за постоење на устен договор, за барање 'нови предизвици' и случно. Впечаток е дека сакаа добро да се офајдат од евентуална продажба на Левандовски пред крајот на неговиот договор. Тоа што Левандовски успеа да си го зачува образот при трансферот се должи многу повеќе на неговиот фасцинантен спортски дух и добрите игри во дресот на Борусија“, пишува интернет порталот Т-онлајн. Менаџерите на фудбалерот ќе добијат меѓу 10 и 20 проценти од заработката на Левандовски- со други зборови и тие станаа милионери.

Fußball Bundesliga Borussia Dortmund FC Bayern München Götze Tor

Минатото лето Бајерн и плати на Борусија 37 милиони евра за трансферот на Марио Геце

Со трансферот на Левандовски продолжи и познатата стратегија на Бајерн Минхен да ги купува најдобрите на пазарот во Германија, особено најдобрите играчи од директните ривали. Некогаш Мирослав Клозе, Марио Гомез, Мануел Нојер, Данте, Марио Геце. Сега и Левандовски.

Бајерн продолжи со тактиката да ги слабее своите конкуренти, пишува магазинот „Штерн“. Баварците ја добија трката за Левандовски со големиот Реал Мадрид, кој му нудеше далеку повеќе пари. „Реал го загуби сјајот, а Бајерн последните години секако е на нивото на Барселона и Реал. Дортмунд одлично се развива, но не им припаѓа на најголемите клубови во Европа. Сега Борусија сепак има доволно време да пронајде добра замена за Левандовски и со тоа да ја намали разликата во однос на Бајерн. Во спротивно, ќе следува уште една здодевна сезона во Бундеслигата“, заклучува „Штерн“.