1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Македонија ќе се тресе од откриените даночни затајувања

Меѓународната новинарска мрежа разоткри политичари и бизнисмени, меѓу кои и од Мекедонија, БиХ, Хрватска, Словенија и Србија, кои депонирале милијарди долари и евра на тајни сметки во даночните оази.

Според словенечкиот новинар и член на Меѓународната мрежа на новинари Блаж Згага, кој учествува во акцијата за глобално откривање на „затајувачите на данок“, објавувањето на податоците ќе предизвика потреси во регионот.

„Наскоро, кога ќе бидат објавени сите податоци, ќе се види дека нема земја чии граѓани не депонирале пари во даночните оази. Можам само да потврдам дека меѓу нив има граѓани на Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија. Засега не можам да кажам повеќе детали, истакна Згага. Тој нагласи дека во досегашните истражувања е дојдено до одреден број „затајувачи на данок“, кои работеле поврзано.

„Штетата изнесува милијарди долари кои се сокриени, наместо оние кои важат за некои од најбогатите луѓе да ги плаќаат даноците во матичните земји, додаде Згага, нагласувајќи дека во фокусот на истражувањето е идентификување на луѓето, а не трансакциите. Со проектот за откривање на затајувачите на данок се опфатени 170 земји, а во истрагата, која траела 15 месеци, учествувале 86 новинари од 46 држави.