1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Македонија има свои азиланти

Десетици азиланти секоја година доаѓаат во Македонија, претежно од африканските и азиските земји. Сместени се во прифатен центар во Скопје каде добиваат пристојни услови. Досега азил добило само едно лице од Палестина

default

„Јас сум од Могадишу, Сомалија. Ја напуштив мојата земја поради војната уште пред 20 години и сега дојдов во Република Македонија да побарам азил“.

Ова е судбината на еден од 80-ината бегалци сместени во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје. Оваа установа која функционира две години е привремен дом на поединци, цели семејства кои главно бегајќи од региони на воени жаришта бараат спас. Ги има од Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, но и соседните земји на Македонија. Нивниот идентитет со закон е заштитен:

„Во Ирак состојбата беше лоша, избегав поради политичките проблеми. Се плашев во мојата земја и затоа ја напуштив. Ирак не е безбеден, затоа побарав азил во Македонија“, вели овој човек кој во Македонија пристигнал преку Грција.

Italien Afghanische Asylbewerber

Авганистански азиланти во Италија

На добар дел од нив крајна дестинација им биле западноевропските земји, но сепак сега посакуваат да останат во Македонија. Центарот во кој се сместени азилантите е со капацитет за 150 лица и ги нуди сите услови за нормален престој:

„Овој центар е еден од поновите во југоисточна Европа. Капацитетот е 150 лица, а ние до пред еден месец имавме 120, а сега сме намалени на 80. Инаку во центарот им пружаме 24 часовен пристап до компјутер и интернет, настава на англиски и македонски јазик, редовни оброци и средства за хигиена. Покрај објектите за сместување имаме и наша амбуланта за примарно здравство. Тука се вршат прегледи на секој азилант, прегледот трае три дена и откако ќе се востанови дека се е во ред тогаш се сместува во капацитетите на центарот“, вели директорот Самка Ибраимовски.

Азил добил еден Палестинец

Partei für die volle Emanzipation der Roma in Mazedonien

Самка Ибраимовски (во средина)

Целата процедура за добивање азил трае од три до шест месеци, а постапката ја врши Министерството за внатрешни работи. Досега во Македонија властите му дале азил на едно лице од Палестина. За ваквите случаи е предвидена и државна помош:

„Државата им помага, ги сместуваме во приватно сместување, добиваат социјална помош, имаат приоритет при вработување. На пример лицето од Палестина е сместено во приватна куќа и добива социјална парична помош“, вели Ибраимовски. Инаку азилантите најчесто се одбиваат поради приложување на лажни податоци. Откако ќе добијат решение дека не ги исполнуваат условите треба да ја напуштат државата. Доколку тоа не го сторат сами, тогаш МВР ги депортира во земјата од која се дојдени.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM

Поврзана содржина