1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И ЛДП со услови за да излезе на избори

На денешната (10.01) седница на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија е донесена одлука за бојкот на изборите доколку во законот не се вградат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и не се прочисти Избирачкиот список.

default

Од ЛДП бараат темелни измени на Изборниот закон, при што во целост ќе се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и забелешките на Венецијанската комисија; целосно прочистување на избирачкиот список; рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања и засилен меѓународен мониторинг на изборите.

„Од особено значење е транспарентно трошење на финансиските средства од страна на политичките партии за време на изборната кампања. Затоа предлагаме да се формира Комисија која ќе ги следи изборните трошоци. Иако злоупотребата на средствата за финансирање на изборната кампања претставува кривично дело, сè уште останаа несанкционирани дубиозите на ВМРО -ДПМНЕ од преку три милиони евра потрошени за време на предвремените парламентарни избори во 2011 година", велат од ЛДП.

ЛДП смета дека почитувањето и реализацијата на овие стандарди е потребна не само за спроведување на фер и регуларни избори, туку е неопходна за да се врати демократијата, стабилноста и слободата на изразувањето во Македонија, како основен предуслов за просперитет и економски развој на државата.

„Во спротивно, со неисполнување на наведените услови, учеството на опозицијата на такви нерегуларни избори ќе биде беспредметно и ќе даде легитимитет на постоечкиот авторитарен режим", додаваат од ЛДП.