1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Иванов се сомнева во околностите на смртта на Трајковски

Претседателот Иванов денеска ги потврди сомнежите во околностите на несреќата во која загинаа експретседателот Трајковски и неговите соработници. Иванов вели дека истрагата се уште трае

default

Иванов во Ротимље ги подгреа шпекулациите за смртта на Трајковски

Претседателот Ѓорге Иванов, кој што денеска го посети местото на несреќата вели дека истрагата во Македонија се уште не е завршена и потврди дека се уште постои сомнеж за тоа што се случило.

„Не, истрагата не е завршена. Има комисија, комисијата ги собира сите можни документи, соработува со сите фактори. Веројатно и комисијата треба да разговара со надлежните во Босна и Херцеговина, бидејќи колку што сум во тек се уште не се завршени тие увиди во сите можни документи и материјали“, изјави Иванов.

На седумгодишнината од смртта на Борис Трајковски, сегашниот претседател, Ѓорге Иванов го посети местото на несреќата, за да му оддаде почит на својот покоен колега. На местото каде се урна владиниот авион немаше преставници на семејствата на загинатите. На Ротимље, освен Иванов се обрати и градоначалникот на Мостар, Љубо Бешалиќ и претседателот на Владата на херцеговачко-неретванската жупанија, Среќко Борис.

На прашање на новинарите од Босна дали се уште постои сомнеж, што се има случено тука, во близина на Мостар. Иванов одговори „Веројатно да“. Постои надлежна комисија формирана од владата со вклучени претставници на релевантните институции, која работи на прибирање на факти, информации и докази, поврзани со авионската несреќа.

Неколку дена пред одбележувањето на седумгодишнината од несреќата на Трајковски, неговиот брат – близнак, Александар Трајковски изјави дека неговиот брат е убиен.

„Врз мојот брат беше извршен атентат. Тој е убиен и неговото загинување не беше случајност. Некому му пречеше неговата работа, неговата искреност и успесите и најдобро беше физички да го отстрани. Тоа е трагедија за семејството и за државата, меѓутоа за мене тоа е атентат и не е случајност, убиство на претседателот“ изјави Трајковски.

Boris Trajkovski Mazedonien

Братот близнак на Трајковски, Александар деновиве се посомнева дека тој бил убиен

Швајцарецот Грос иницијатор на сомневањата

Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство ги поттикна швајцарскиот пратеник во европскиот парламент Андреас Грос. Тој беше и иницијаторот за формирање на анкетната комисија која ги истражува околностите под кои загина претседателот Трајковски.

Снимател од државната босанска телевизија кој требало да ја снима Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, стигнал половина час откако се случила несреќата. Седум години по несреќата тој тврди дека кога стигнал претставници на КФОР не му дозволиле да дојде до

местото на несреќата. Хеликоптери надлетувале местото на несреќата, кај селото Столац. Мештаните, од селото Ротимље, пак велат дека времето било многу лошо, тие до следниот ден до 14 часот не знаеле воопшто што се случило.

Wrack von der Präsidentenmaschine Boris Trajkovski

Остатоците од владиниот Кингер со кој летаа Трајковски и неговата придружба

Владиниот "Кингер" со којшто патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година се урна во близина на Мостар. Беше предвидено авионот да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот. Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова - Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан - Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски