1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

И економските џинови го забавуваат развојот

Четворката држави во економски подем-Бразил, Русија, Индија и Кина (БРИК) бележи намален развој. Причина се конјуктурните слабости во САД и должничката криза во Европа.

Кина често се нарекува -светска работилница. Извозот на кинески стоки лани пораснал за 20 проценти. Но, овие бројки веќе нема да ги има, предупредуваат економистите. Поради падот на конјуктурата во САД и должничката криза во Европа паричникот на потрошувачите на Запад не е многу полн.

Кинеското стопанство, кое во 2010-та година забележа двоцифрен пораст, годинава ќе расте со стапка од 7,5 проценти. Во Индија растот на економијата пак забавува уште повеќе, слично е и во Русија. Стопанскиот раст во Бразил пак се преполови.

Тоа е проблем за сите овие држави. Во Кина и во Индија забавеното напредување не обезбедува плата и леб за сите работници. Во опасност е социјалниот мир. Освен тоа, во сите држави од заедницата БРИК се зголемуваат трошоците за платите. Во Бразил платите последната деценија се четирипати повисоки. Со тоа отпаѓа важна предност во конкурентската способност.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Јерг Јелинек/ Ж. Ацеска

Редактор: Симе Недевски