1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

И европските финансиери загрижени за наталитетот!

Вчера и денес германскиот Бундестаг е домакин на уште една конференција која е во рамките на претседатлество на земјата со ЕУ. Овој пат во престолнината се среќаваат претседателите на комисиите за финансии на земјите членки на ЕУ, на Европскиот парламент и на кандидатите за членство, меѓу кои свој претставник има и Македонија

Може ли парите да придонесат за подмладување на стариот контиент?

Може ли парите да придонесат за подмладување на стариот контиент?

Финансиските проблеми со кои се соочува Европската Унија беа само дел од темите за кои дискутираа претставниците на комисиите за финансии и буџет на триесеттина национални европски парламенти. Во корелација со оваа актуелност, акцентот беше ставен на демографскиот проблем и старењето на населението на Европа. И тоа: дали и на кој начин може преку насочување на конкретни средства од европскиот буџет да се за стимулира наталитетот? Учесниците за ова дискутираа зад затворени врати. Сепак, македонскиот претставник - пратеничката Владанка Авировиќ за текот на расправата ни изјави:

"

Демографските промени се особено изразени во Германија. На конференцијата се спомна податокот дека во 2010 година, населението под 20 години ќе се намали за 10 проценти што е особено алармантно. И Република Македонија се соочува со ист проблем зашто и македонската нација старее. Така уште од сега треба да се предвидува во нашите идни развојни политики како ќе се стимулира и ќе се зголеми наталитетот. Зашто се поголем е бројот на оние кои не сакаат да стапат во брак и да раѓаат деца ”

Според Авировиќ многу е значајно Македонија да биде во тек со сите планирани зафати кои во оваа сфера ќе ги презема Унијата. И тоа пред се заради хармонизирањето на регулативата и од чие завршување ќе зависи и идното членство на Македонија во ЕУ.

На конференцијата се нагласи и потребата од создавање услови за еден единствен финансиски пазар на ниво на ЕУ. Во моемнтов секоја од земјите членки има сопствен финансиски пазар.Но со оглед на глобализацијата неопходно е да постои единствен регулиран европски во кој би се вклопиле националните финансиски пазари. Секако дека европскиот би требало да ја гарантира сигурноста на финансирањето и да биде стимулативен. Според Владанка Авировиќ експертите за финансии од европските парламенти се осврнаа и на врската меѓу демографските и климатските промени, справување со сивата економија и сл.