1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Дојче Банк го прекршила ембаргото против Иран?

По британската банка Стандард Чартерд и германската Дојче Банк е можно да се соочи со последици поради можни финансиски зделки со Иран, и покрај санкциите против оваа земја.

Наводните финансиски зделки со Иран би можеле да и наштетат на германската банка Дојче Банк. Конкуренцијата веќе мораше да плати „дебели“ казни, зашто според мислењето на истражителите во САД ги прекршила санкциите против Иран.

Според наводи на американскиот весник „Њујорк Тајмс“ правосудните власти во САД започнале првична истрага против Дојче Банк и  и неколку други меѓународни банки во врска со сомневањата дека тие направиле финансиски зделки вредни милијарди долари со Иран  и други држави кои се под санкции.

Во истрагата се поаѓа од сомневањата дека меѓународните финансиски институции уплатиле десетици милијарди долари за Иран и други држави под санкции , користејќи  дупка во американското законодавство која до 2008 година им овозможила и покрај постоечкото ембарго да ги продолжат своите бизниси со Иран.

Весникот повикувајќи се на неименувани функционери истакнува дека германската банка по 2008 годиниа не вршела префрлања на пари за иранските клиенти преку операции во САД.

Санкциите ги прекршувале голем број банки

Портпаролот на германската банка за време на викендот не сакаше да го коментира пишувањето на американскиот весник. Тој изјави дека во 2007 година банката донела одлука дека „нема да се впушта во нови трансакции со институции од држави како што се Иран, Сирија, Судан и Северна Кореја“ и дека ќе ги „прекине постојните контакти колку што е тоа правно можно“.

Само пред неколку денови големата британска банка Стандард Чартерд се согласи да плати казна од 340 милиони долари за да запре истрагата на службите за финансиски надзор на американската сојузна држава Њу Јорк за т.н „перење пари“ за Иран.  Во спротивно и се закануваше дури и одземање на лиценцата за работа во САД. Стандард Чартерд беше осомничена дека направила финансиски зделки со Иран во вредност од 250 милијарди долари.

Стандард Ќартерд не е првата банка која морала да плати казна поради обвинувањата за „перење пари“ во САД. Претходно тоа мораа да го сторат и британските финансиски институции Лојдс и Барклис, швајцарската Кредит Свис како и холандските банки АБМ Амро и ИНГ. Во јуни годинава ИНГ мораше да ја плати досега најголемата казна поради прекршување на американските санкции кон Иран и Куба во вредност од 619 милиони долари.