1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

И Германија и Шпанија веруваат во победа

Вечерва ќе се знае кој ќе биде идниот европски шампион во фудбал. На стадионот Ернст Хапел во Виена, силите ќе ги одмерат Германија и Шпанија. Но, и во двата тима недостасуваат двајца клучни играчи.

default

Кој ќе го освои пехарот?

Поради повреда, на теренот вечерва најверојатно нема да истрча германскиот капитен Михаел Балак, а сигурно нема да настапи шпанскиот напаѓач Давид Виља. Германскиот репрезентативец се повредил во петокот и веќе два дена не може да тренира. Неговиот настап е неизвесен, а тренерот Лев изјави дека одлуката ќе ја донесе пред почетокот на натпреварот. Виља пак ја скина тетивата на бутината откако го изведе слободниот удар на полуфиналниот наптревар против Русија, во четвртокот. Но, и покрај ваквите вести, и двата тима веруваат во победа. Шпанскиот репрезентативец Чави Алонсо изјави дека отсуството на Виља нема да влијае врз шансите на неговиот тим да триумфираат на турнирот.

„Ние имаме и квалитетни играчи на клупа и верувам дека секој од нив што ќе добие шанса да истрча на теренот ќе игра одлично во финалето“, изјави Алонсо.

„Ќе го донесеме пехарот дома“, порачува и германскиот репрезентативец Лукас Подолски за денешното издание на келнскиот весник „Експрес“.

Бекенбауер очекува возбудлив натпревар

Германскиот фудбалски експерт, Франц Бекенбауер смета дека вечерва во Виена ќе се игра возбудлив натпревар.

Kaiser Franz Beckenbauer in Wien

Франц Бекенбауер

Според него Шпанците на првенството покажале одлична игра и константност. Но не сака да избере фаворит.

„Германската репрезентација не е аутсајдер. Шансите за победа се 50:50, а тоа добро го знаат и Шпанците. Мислам дека сигурно нема да ги потценат германските фудбалери“

Шпанија до финалето стигна без ниту еден загубен натпревар, додека Германија во игрите по групи загуби еден меч. Германија до сега има освоено три титули светски првак и три пати биле европски шампиони. Шпанија имала успех само на ЕП во 1964 година кога го освоила големиот трофеј.

Најавени се зголемени безбедносни мерки

Инаку натпреварот вечерва од почесната ложа на стадионот Ернс Хапел, ќе го гледаат шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицата Софија, премиерот на таа земја Хозе Луис Родригеза Запатеро, германската канцеларка Ангела Меркел како и поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Организаторите најавија зголемени безбедносни мерки и на стадионот и на местата на кои на отворено ќе се следи натпреварот. На првенството до сега се постигнату 76 гола, доделени се 118 жолти картони и три црвени, а два натпревара завршија со изведување пенали.