1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И генералот Џон Ален вмешан во аферата Петреус

Главниот командант на американските сили во Авганистан, генералот Џон Ален се наоѓа под истрага за наводна несоодветна коресподенција со жената во центарот на скандалот со поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус.

Министерот за одбрана на САД, Леон Панета изјави дека против командантот на американските и силите на НАТО во Авганистан генерал Џон Ален е започната истрага поради „несоодветна кореспонденција“ со Џил Кели, која била волонтер во одделот за врски во воената база „Макдил“ во Флорида.

Од Џил Кели, која е пријателка на семејството на Дејвид Петреус, тргна истрагата која доведе до негова оставка како шеф на ЦИА. Кели се пожалила дека добива заканувачки пораки од Пола Бродуел, со која Петреус имал вонбрачна врска.

Наредбата за започнување на истрага против Ален е издадена вчера.

Висок претставник од Пентагон соопшти дека истрагата е започната во врска со скандалот околу оставката на шефот на ЦИА и започнатата проверка за евентуално истекување на доверливи информации. Во базата „Макдил“ е сместена Централната команда на САД, чиј командант бил Петреус.

На барање на Панета именувањето на генерал Ален за шеф на Европската командана американските воени сили и за главен командант на НАТО во Европа е одложено.