1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И во Брисел и во Берлин за должничката криза

Во Берлин денеска (21.10) пратеничките групи на партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ), на ФДП и на СПД се советуваат околу идните чекори што треба да се преземат околу должничката криза.

default

На вонредните седници на пратеничките групи состојбата би требало да ја образложат канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле. Меркел ја откажа за денеска најавената владина изјава во парламентот, поради тоа што на ЕУ-самитот в недела (23.10) веројатно нема да бидат донесени заклучоци околу чадорот за спас - ЕФСФ.

Sondergipfel Merkel Sarkozy

Клучот е кај Саркози и Меркел

Видеоконференција на Обама со Меркел и Саркози

Денеска во Брисел, министрите за финансии на земјите од еврозоната разговараат околу можноста за проширување на чадорот за спас, кој сега има волумен од 440 милијарди евра, без притоа да се зголеми ризикот за земјите кои учествуваат во него.

Американскиот претседател Барак Обама претходно разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози околу должничката криза. Видеоконференцијата се одржала поради стравувањата дека кризата би можела да ја зафати и американската економија. Обама по разговорот изјави дека се надева на решение на самитот на Г20 во Франција, на почетокот на ноември.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Ж. Ацеска