1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Бугарија воведува „црвени линии“

Бугарската влада усвои извештај врз база на кој треба да се донесе документ за определување на основите на бугарската политика кон соседните држави.

Како што изјавил бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, причината за подготовка на таков документ била потребата по петгодишното членство во ЕУ и осумгодишното членство во НАТО да се определат трајно бугарските интереси и видувања во односите на соседите.

„Бугарија е отворена за сите свои соседи и го поддржува проширувањето на Европската унија, но нема да дозволи никому да се плетка во нејзината историја и идентитет. Не e работа на политичарите да се обидуваат да ја толкуваат историјата. Сите такви обиди доведувале до крах, и затоа е поважно да гледаме напред“, изјавилшефот на бугарската дипломатија Никола Младенов на владина седница.

Како што објавуваат денеска бугарските медиуми, на седницата владата усвоила предлог што ќе биде доставен во Парламентот со кој се бара да усвои документ во кој ќе се одредат основите на бугарската политика кон соседите.

Младенов истакнал дека документот исто така треба да содржи некои „црвени линии“ кои нема да можат да бидат преминати во билатералните односи.

Прашањето со историјата на Македонија било посочено како една таква црвена линија во однос на Македонија, но сепак не било директно именувано од бугарскиот министер Младенов. Тој најавил и дека следната недела ќе се одржи редовна средба со амбасадорите од земјите од Балканот.