1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Британците го стегаат ременот

Владата на Велика Британија планира значително да го намали буџетот во повеќе сектори, и да воведе строги мерки на штедење. Министерот за финансии Џорџ Озборн ги претстави деталите околу плановите за масивни кратења.

default

Министерот за финансии Озборн претстави мерки за штедење

Доаѓаат тешки времиња за британските граѓани. Речиси 500.000 работни места во јавниот сектор ќе бидат укинати. Најголемиот дел од предвидените кратења ќе бидат во социјалниот буџет. Исто така и министерствата во просек треба да работат со 25 отсто помалку пари отколку досега. Министерот за финансии Џорџ Озборн ги претстави деталите:

„Денес отстапуваме еден чекор од бездната, при што се соочуваме со резултатите од една деценија стагнација. Ќе претставува нов почеток доколку создадеме долгорочна основа за нашиот јавен сектор и социјалните услуги, со помош на еден четиригодишен план.“

Тоа е тежок пат, но води кон подобра иднина, вели Озборн.

Критичарите се сомневаат во тоа. Тие сметаат дека програмата за штедење повторно ќе ја повлече надолу и онака заслабнатата британска економија. Големи загуби ќе има пред се‘ секторот на градежништвото и на услужните дејности. До 2015 година уште 500.000 луѓе можеби ќе ја изгубат работата во приватниот сектор.

Автор: ЈМЈ/БГ/дв

Редактор: Жана Ацеска