1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Атина има желба за решавање на спорот за името

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за прашањето за името Метју Нимиц попладнево во Атина се сретна со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.

default

Метју Нимиц

Нимиц, како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, по средбата изјавил дека од Димас добил уверување оти Владата на Грција има искрена желба за решавање на спорот за името. Димас го охрабил и да ги продолжи напорите за изнаоѓање заедничко прифатливо решение во рамки процесот што се води под покровителство на ОН.

Прашан дали економската криза во Грција и претстојните избори ќе влијаат на процесот, Нимиц истакнал дека ги разбира тешкотиите со кои се соочува Атина и се надева оти ќе бидат надминати, но дека земјата и сега има функционална Влада која може да се справува со проблемите како што е прашањето за името.

Посредникот на ОН Нимиц во Атина допатува од Скопје каде што во понеделникот разговараше со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Treffen des Mazedonischen Ministerpräsidenten, Nikola Gruevski mit dem Herrn Mathew Nimitz

По средбите тој изјави дека не носи нови предлози, туку има намера да најде начин да се забрзаат разговорите за што побрзо решавање на спорот за името, кој, како што посочи,го засега регионот и светската безбедност. Нимиц рече дека во Скопје јасно му биле кажани македонските позиции и искрените желби за решавање на проблемот, и оти ќе им ги пренесе на властите во Атина.

Од македонска страна беше повторено дека решение за спорот со Грција околу името не е можно доколку тоа не го почитува достоинството на граѓаните на Република Македонија, ако на каков било начин задира во идентитетските прашања и не е во согласност со меѓународното право. Македонија останува конструктивна во процесот што се води под покровителство на ОН и тоа го очекуваи од другата страна, како и почитување на Привремената спогодба, пресудата на Судот во Хаг и резолуциите на Светската организација.

Извор: миа

Редактор: Борис Георгиевски