1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ишингер, претставник на ЕУ во преговорите за Косово

*

Германскиот дипломат Волфганг Ишингер ќе биде претставник на ЕУ во преговорите за идниот статус на Косово. Ова го потврди Кристина Галак, портпарол на високиот претставник на Унијата, Хавиер Солана. Ишингер, кој во моментов е вршител на должноста амбасадор на Германија во Лондон, важи за добар познавач на случувањата на балканот. Сеуште е отворено кој ќе ги претставува САД и Русија во преговарачката тројка која во наредниот период треба да посредува во преговорите меѓу Белград и Приштина.