1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ишингер најанува можност за меѓународна конференција за Косово

*

Претставникот на Европската унија во преговарачката тројка за Косово , Волфганг Ишингер најави можност за одржување завршна преговарачка конференција кон крајот на ноември или почетокот на декември , слична на онаа во Дејтон по крајот на војната во Босна и Херцеговина . Во интервју за српскито весник Вечерње новости германскиот дипломат истакна дека на евентуалната конференција би присуствувале претставниците на “тројката” и на Белград и на Приштина .

Сето тоа според Ишингер , би имало смисол само доколку до средината или до крајот на ноември има доволно преговарачки материјал на располагање.