1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ишингер: можен е компромис за Косово

*

ЕУ апелира до Србите и косовските Албанци да покажат готовност за компромис во спорот околу иднината на Косово. Преговорите во Њујорк кон крајот на месецов обете страни мораат да ги сфатат како шанса, укажа еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен по дводневниот неформален состанок на европските министри за надворешни работи во Виана до Кастело во Португалија. Претставникот на Унијата во таканаречената “тројка” за Косово Волфганг Ишингер за Дојче Веле изјави дека смета оти е можен договор меѓу Србите и косовските Албанци, што според него, пред се’ е “прашање на добра волја”.

На маргините на средбата македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски имаше повеќе билатерални разговори со колеги по функција, при што во фокусот била интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и состојбите во регионот.