1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ишингер за Косово

*

Преговарачот на ЕУ, во меѓународната тројка за Косово, Волфганг Ишингер, пред новиот круг преговори на почетокот на ноември за Дојче Веле Телевизија изјави „Ако прашањето за Косово можеше едноставно да се реши тогаш немаше да ни бидат потребни напорите на оваа Тројка, тогаш одамна ќе беше решено, и тројаката исто така не е чудотворно средство. Можно е, а некои сметаат и дека е повеќе веројатно да не постигнеме успех.” рече Ишингер кој исто така изрази надеж дека Србите и Косоворите еден ден нема повеќе да го поставуваат прашањето Дали си Албанец, мулиманин, или Србин, православен туку прашањето дали припаѓаш кон Европската унија, смета Ишингер во изјавата за Дојче Веле Телевизија.