1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ишингер вели дека атмосферата на преговорите за Косово е подобра

*

Првата директна средба на српската и албанската страна во преговорите за Косово во Њујорк била поотворена, а атмосферата подобра, изјави вчера европскиот претставник во Тројката на Контакт групата, Волфганг Ишингер. Поднесувајќи го во Брисел извештајот до амбасадорите во Комитетот за политика и безбедност, Ишингер рече дека тројката сега ќе настојува да издејствува двете страни да им пријдат на преговорите покреативно. Според него, по средбите во Лондон и Њујорк, може да има причина за подобро чувство кога се во прашање изгледите на преговорите за идниот статус на Косово.