Итно неопходни реформи во ММФ и во Светската банка | Економија | DW | 25.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Итно неопходни реформи во ММФ и во Светската банка

Кина, Индија и Русија, поради нивниот силен извоз и девизните резерви, играат се поголема улога во светската економија и во меѓународните финансиски системи. Затоа барат и поголемо влиание во ММФ и Светската банка.

default

Бизнисот веќе нема да може да се дели само меѓу традиционалните индустриски држави:Светската банка со план за 2008

Таква улога бараат да имаат и во Светската банка и во Меѓународниот монетарен фонд. Индустриските змеји се повеќе се принудени да го намалуваат досегашното доминантно влијание во најважните мултилатерални финансиски и развојни организации. Карл Завадски ја коментира дебатата за реформи на годишното заседание на Светската банка и на Меѓународниот фонд одржано во Вашингтон:

Светскиот економски растеж годинава со повеќе од половината ќе го претставуваат Кина, Индија и Русија. Додека традиционалните индустриски држави, во споредба со нив, се уште покажуваат умерен пораст, таканаречените земји во рзавој стануват се поважни во светската економија. Кинескиот економски пораст од година на година бележи дест и повеќе проценти, Индија и Русија само нешто помалку. Со такви извонредни стапки и со уште повисок пораст на извозот, тие стекнуваат гигантски добивки во трговската размена и уште поголеми суми во девизни резерви. На пример, Кина има најголеми девизни резерви во светот од илјада и 400 милијарди долари, Русија - 500 милијарди. Тоа не го јакне само економското значење на овие земји, туку енормно и самодовербата на нивните политички водства. Никакво чудо тогаш, што тие во мултилатерланите организации веќе не се задоволуваат со места во вториот или третиот ред. Тоа посебно јасно може да се види во Меѓународниот монетарен фонд и во Светската банка кои во минатиот викенд го одржаа годишното собрание. Се уште нив ги владеат традиционалните индустриски земји. Ако станува збор за раководните места, тогаш тоа меѓу себе го прават САД и Европа. Така САД пред неколку месеци за себе ја добија позицијата шеф на Светска банка во личноста на Роберт Зелик, а Европјеците ја обезбедија позицијата шеф на ММФ за поранешниот француски министер за финансии Доминик Штраус-Кан.

Конкуренцијата принудува на реформи

До толку повеќе, земјите во развој и нивните следбеници, притискаат за поголем удел и влијание во овие организации. Првите минимални отстапки беа направени во минатата година кон Кина, Мексико, Јужна Кореја и Турција, но тоа воопшто не се смета за доволно. И тие имаат право, зашто имаат финансиски средства и политичка волја да ги спроведат тие барања. Неодамна, под водство на претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, јужно-американските држави основаа „Банка на југот„ како конкуренција на Светската банка, додека бразилскиот претседател Лула најави формирање конкурентска институција на Меѓународниот монетарен фонд. Со оглед на огромните девизни резерви во третиот свет, тоа воопшто не се празни закани. Напротив: со нивните пари, големите земји во развој одамна им конкурираат на Светската банка и на ММФ. Во размерата во која ги враќаат своите долгови кон овие институции, можат да го зголемат и своето влијание во нив. Тоа значи дека ММФ и Светската банка се најдоа во ситуација во која ќе мораат да ја докажуваат оправданоста на своето постоење. На поголем број земји, пред се на големите, нивните пари и совети веќе нема да им бидат потребни. Уште пофатално: богатите земји со девизи, пред се Кина, им конкурираат со огромните инвестиции во суровините во сиромашните земји. ММФ веќе се најде во финансиски проблеми и е принуден да штеди. Затоа, ако индустриските држави - во сопствен инетерс и во интерес на сиромашните земји во развој - сакаат да ги задржат ММФ и Светската банка, тогаш мораат да се согласат на реформи што ќе ја намалат нивната моќ, а ќе го засилат влијанието на земјите во развој. Во принцип, индустриските земји покажуваат готовност за тоа. Но, соочувањата ќе бидат долги и тврди - додека се воспостави новата архитектура на ММФ и на Светската банка.

Карл Завадски