1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Итно е неопходен анти-допинг закон

Откако неколку германски велосипедисти признаа дека земале допинг, германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле побара забрзано усвојување на планираниот закон против допинг. Според Шојбле со законот властите ќе имаат повеќе можности да се справат со мафијашката мрежа во велосипедизмот. Вчера поранешните велосипедисти на тимот Т-Мобиле од Бон, Ертик Цабел и Ролф Алдаг признаа дека земале допинг. Универзитетската клиника во Фрајбург вчера ги отпушти двајцата лекари по спортстка медицина кои беа долгогодишни соработници на Т-Мобиле