1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Италија си оди дома

Скандинавско реми за пласман во четвртфиналето, пирова победа на Италија која без ниту еден пораз е уште еден од фаворитите на хартија за кој завршија натпреварите на европското првенство во фудбал .

Матераци и Бербатов во дуел

Матераци и Бербатов во дуел

Во досега највозбудливата завршница на натпреварите по групи Данска и Шведска, во директниот дуел одиграа нерешено 2:2 и си обезбедија место во четвртфиналето. Голот во судиското надополнување и донесе победа на Италија против Бугарија од 2:1 која беше недоволна за натамошен пласман на азурите. Италија си оди дома запишана во аналите на Европските првенства како прва репрезентација која ја доживува оваа судбина, непоразена.

Сметките им ги расипа, Швеѓанецот Матијас Јонсен, кој во 89 минута, го постигна израмнувачкиот гол против Данска за успех на неговиот тим. Портпаролот на Европската фудбалска федерација, Роб Фолкнер, синоќа изјави, дека УЕФА не се сомнева во регуларноста на резултатот од мечот Данска Шведска, откако претходно претседателот на италијанската фудбалска федерација, Франко Караро изјави, дека резултатот бил наместен.

Си заминуваме со подигната глава, особено што заслуживме победа во претходниот меч со Шведска, изјави селекторот на Италија, Џовани Трапатони, кој вели дека нема причина да се сомнева во скандинавското реми.

За швеѓаните, успехот во натпреварот е фантастичен. Стрелецот на двата гола за Данците Јан Дал Томасон, жали што азурите не се пласираа натаму, бидејќи според него, тие и Данска тоа го заслужиле како најдобри репрезентации од нивната група. Шпекулациите за местење на резултатот, за данскиот селектор, Мартен Олсен, кој со мали критики е задоволен, се смешни.

“Мислам дека секој можеше да види дека и двете репрезентации играа на победа, нормално беше ние да победиме“

Во групата Ц, Шведска, Данска и Италија имаат по 5 освоени бода, со тоа што азурите, се со најслаба гол разлика, додека Бугарија, си заминува без ниту еден освоен бод.

Германија, вечерва го игра решавачкиот натпревар проти Чешка за пласман во четвртфиналето. Само победа ги води германците во четвртфиналето . За селекторот, Руди Фелер, офанзивната игра е единствената тактика:

“ Победата е наша обврска и ние тргнуваме од тоа, ќе направиме се за да победиме без разлика дали ќе играме со еден или двајца шпиц играчи, во секој случај ќе играме офанзивно“ рече Фелер.

Во вториот вечерашен натпревар, во рамките на групата Д, се среќаваат Холандија и Летонија. Холанѓаните, единствено со победа можат да се надеваат на место во четвртфиналето, се разбира во зависност од исходот на мечот, Германија Чешка.

Од четирите, досега се познати три двојки за четвртфиналните натпревари, кои стартуваат веќе од утре, со дуелот Португалија Англија. Во петок се среќаваат, Франција и Грција, во недела Чешка Данска, додека Шведска, ќе чека на разврска во групата Д, каде за второто место вечерва ќе се борат Германија и Холандија, а теоретски шанси има и Летонија.