1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Италија се надева реформи во културата

Ерата на Берлускони е дел од историјата. Меѓутоа, за Италијанците нема одмор. Поранешниот премиер на својот наследник му остави куп проблеми. Претстои голем пакет реформи. Меѓу нив е и реформата на полето на културата.

default

Остатоци од храмот на богот Јупитер во Помпеја, под Везув

Историчарот Томас Шлемер како научен соработник на германскиот историски институт во Рим ја доживеал културната политика на Италија. Шлемер се жали поради тоа што државата не е заинтересирана за културното наследство во земјата и што недостасува инвестиција во образованието. Тој се надева дека новата влада, желна за реформи, тоа и ќе го смени.

„Италија во последните неколку години во овој сектор вложи многу малку пари”, вели Шлемер и потсетува дека неодамна во Помпеја дошло до одрон на земјиштето и дека тогаш е уништено едно археолошко наоѓалиште."

Убавините на „Бела Италија“ начнати

Einsturz Gladiatorengebäude Pompeji

Урнатините на гладијаторската школа во Помпеја

До тоа дошло бидејќи премалку се вложува во зачувувањето на таквите споменици и што парите се трошат за сосема други цели, вели Шлемер.

Новите проекти немаат речиси никакви шанси да бидат реализирани.

„Речиси цела Италија е светско културно наследство, кое поради мерките на штедење е уништено на многу места”, се жали овој историчар. Тоа не ги погодува само спомениците и археолошките наоѓалишта. Поради мерките на штедење во неблагодарна положба дошле и истражувачките установи и архивите: временските рокови за реализација на проектот не се продолжувани, а работниците, кои имале договор на определено работно време, по нивното истекување веќе не биле вработувани. Поради специјалните интереси на Берлускони помалите проекти останале нереализирани. Еден од неговите омилени проекти е планираниот мост преку Месинскиот премин, кој ги спојува Јонското и Тиренското море.

Слабо образование

La Sapienza größte Universität in Europa Rom

Римскиот „Ла Сапиенца“ е најголем универзитет во Европа

Реформа е потребна и во образовниот систем. Зградите на универзитетот се често стари, а стручен кадар недостасува на секој чекор. Овој развој на настаните веќе со години го следат протести на ученици и студенти.

„Поради постојаните финансиски кратења ситуацијата во последните неколку години значително се влошила“, вели Шлемер.

Владата на Берлускони во 2003-та година ги намали средствата за истражување на универзитетите за 5,3 насто. Минатата година се одржани 100 демонстрации поради планираното укинување на 87.000 наставнички работни места. Поради тоа се´ повеќе наставен кадар својата перспектива ја бара во странство. На прво место се универзитетите во САД, Англија и Јапонија.

Во земја во која 30 проценти од младите се невработени и на чиј југ е се´ уште слаб стопанскиот развој, не може да стане збор за „долче вита” или „сладок живот“:

Овде имаме работа со вреден народ кого државата го има оставено на цедило”, вели Шлемер. „На тоа треба да се додаде мафијата и организираниот криминал кои се´ уште се присутни.“

Автор: Гудрун Стеген/ Светлана Бајдевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска