1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Италија се бори за животите на затрупаните

Спасувачките екипи во Италија и понатаму трагаат по преживеани под урнатините во градот Аквила и неговата околина. До сега успеаја да спасат над 100 лица, а работата им ја отежнуваат дополнителните потреси.

default

Спасувачките екипи се борат за секој живот

Извлечените стотина граѓани на најтешко погодениот град Аквила и неговата околина, како и другите 1.500 повредени лица добија прва помош на отворено во импровизирани услови, бидејќи Универзитетската клиника во Аквила е затворена поради опасност од уривање. Во другата болница во градот се користи само една операциона сала, а останатите потешко повредени се префрлаат со хеликоптер во соседните градови.

Граѓаните на Аквила се уште вознемирени: „Беше страшно, беше грозно... никој не сакаше такво нешто и се надевам дека сега помина. Аквила е разурната, центарот не постои повеќе. Ние сме спасени, но кој знае уште колкумина има под урнатините“, објаснува еден од нив.

Вонредна состојба

Премиерот Силвио Берлускони прогласи вонредна состојба во регионот на Средна Италија: „Наша главна задача сега е да ги спасиме затрупаните. При тоа уште не смееме да користиме тешки машини, бидејќи од поранешните искуства со земјотреси сфативме дека на почетокот мораме да се откажеме од нив.“

Според владини извори, вчерашниот земјотрес од 6,3 степени по Рихтеровата скала оставил без покрив над главата повеќе од 50.000 луѓе.

Erdbeben in Italien Hunderte Menschen vor einem Zeltlager

Погодените се згрижени во шатори

Голем проблем за сите нив, како и за спасувачките екипи, е фактот што земјата уште се тресе. Според италијанските сеизмолошки служби, по катастрофалниот земјотрес регистрирани се уште околу 200 помали потреси. Премиерот Силвио Берлускони најави итно создавање камп со шатори, каде ќе бидат привремено згрижени преку 20.000 лица.

Добри оценки за спасувачите

Надлежниот државен министер за заштита од природни катастрофи, Гвидо Бертоласо, ги пофали спасувачките екипи, кои само три минути по земјотресот почнале со активностите, а за девет часа успеале да стигнат и до најоддалечените села во погодениот регион:

Bildergalerie Erdbeben in Italien

Тешки оштетувања и на зданијата и во душите

„Сега имаме 1.000 спасувачи на теренот во градот Аквила и околните села. Тие имаат наредба да не остават ниту еден од затрупаните!“

Во меѓувреме помош во материјал и спасувачки екипи пристига од Франција, Германија, Грција, Израел и Русија. ЕУ исто така стави на располагање финансиски средства за поддршка на погоденото подрачје.

Автор: Грегор Хопе/ Горан Чутановски

Редактор: Жана Ацеска