1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Италија повторно ја вознемири еврозоната

Политичката блокада која и‘ се заканува на Италија по изборите, предизвика голема вознемиреност на берзите. Економистите очекуваат натамошни турбуленции, но не се очекува драматична ескалација на должничката криза.

Третата по големина економија во европската монетарна унија се наоѓа во длабока рецесија. По 2012 година, стопанството и годинава ќе опаѓа. Невработеноста во Италија се искачи на преку 11 проценти. Секој трет млад човек е без работа. Италијанците се сомневаат во смислата на реформите, кои ги спроведуваше досегашниот премиер Марио Монти. Од тоа политички профитираа евро-скептичните сили. Повеќе од половината од гласовите отидоа кај екс премиерот Берлсукони и комичарот Грило.

Italien Wahlen Mario Monti

Италијанците разочарани од Монти

Не смеат да се заменат причините со последиците, предупредува Николаус Хајне, економист во Дојче банк. „Високата невработенсот не е последица на реформите, туку последица од лошото стопанисување и заостанување во реформите, повеќе од една деценија“, вели Хајнен за ДВ.

Речиси сите Италијанци се разочарани од Монти

Тоа доведе до тоа отказите да се пролонгираат со години и претпријатијата се воздржува од нови вработувања. Обидот на Монти за реформа пропадна, оти никој не сакаше да се откаже од своите привилегии. Пофалби за успесите при санацијата на државните финансии, професорот по економија доби претежно од странство. Критичарите во земјата, меѓутоа, му префрлуваат дека успесите во санацијата на буџетот се должат на покачувањата на даноците, а не на кратења на расходите. Оттука, со својата политика тој ги разочара повеќето Италијанци, вели Андреас Фрајтаг, професор по економија на универзитетот во Јена: „Оние кои досега профитираа од системот, кои сметаа дека со реформите се загрозени нивните интереси и оние кои сакаат повеќе динамика исто така се разочарани“:

Prof. Andreas Freytag

Проф. Андреас Фрајтаг

Во интервју за ДВ, Фрајтаг очекува натамошно заслабување на реформските намери, продолжување на кризата и натамошна неизвесност кај сите учесници. Исто така и Николаус Хајнен очекува зголемување на политичката несигурност во Европа: „Лично гледам опасност дека противниците на реформите во други периферни држави на овој начин би можеле да добијат дополнителен поттик“.

Изборите од протест имаа своја цена

Пред се’ Италија ќе плати висока цена поради ваквото гласање за изразување на протест, смета Фолкер Хелмајер, главен економист во Бремер ландесбанк. „Во првите реакции препознаваме дека е казнет пазарот на акции во Италија, дека со тоа се прекинати инвестициските активности“. Доплатите за ризикот за долгорочните италијански државни обврзници се покачени за повеќе од 0,5 проценти, вели Хелмајер во разговор за ДВ. Исто така и обврзниците на другите кризни држави, како Португалија и Шпанија, страдаат поради тоа.

Nicolaus Heinen, Analyst der Deutschen Bank

Николаус Хајнен, аналитичар во Дојче банк

Сепак, Николаус Хајнен од Дојче банк не очекува ескалација на должничката криза: „Факт е дека состојбата на европските пазари за државни обврзници не може да се споредува со состојбата во 2010 и 2011 година. Во меѓувреме имаме Европска централна банка, која се заложи за спас на еврото по секоја цена“. Вложувачите нема да сакаат да се обложуваат против длабоките џебови на ЕЦБ, вели Јерг Кремер, главен економист во Комерцбанк.

Европската банка може привремено „да вади компири од оган“, но многу поважно е да се реши прашањето за гаранциите, вели економскиот научник Фрајтаг: „Оној кој влегува во долгови мора самиот да може да гарантира за нив и мора во даден случај да смее или да мора да банкротира. Не може тоа да им се натовари на даночните обврзници во другите земји“. Тоа што во текот на кризата долговите станаа општи доведе до незадоволство, неразбирање, агресија во еврозоната, вели Фрајтаг и дополнува дека нема да го чуди ако заедничката валута се скрши токму поради ова прашање.