1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Италија наместо Малта ги прифаќа бегалците од танкерот

За 102 бегалци, кои од почетокот на неделава се наоѓаат на еден танкер во Средоземното Море пристигна добра вест: Италија, откако Малта одби, покажа готовност да ги прими бегалците.

Од почетокот на неделава бегалците се наоѓаат на товарениот брод „Саламис“ во Средоземното Море. Денеска претпладне бродот се упати кон брегот на Сицилија, соопшти владата на Малта. Рим дал согласност за тоа по консултации со владите на Малта и на Грција.

Едно доенче, четири трудници

Танкерот ги спаси бегалците, меѓу нив едно доенче и четири трудни жени во понеделникот пред брегот на Либија и тргна во правец на Малта. Тоа што владата во Валета го блокираше пристапот во нејзинтие води предизвика негодување во ЕУ. Комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром апелираше на „хуманитраната обврска“ на владата и ја обвини за кршење на меѓународните договори.

Премиерот на Малта Јозеф Мускат ги отфрли обвинувањата и одговорноста за оваа одисеја ја префрли врз капитенот на бродот „Саламис“, бидејќи тој не се упатил кон најблиското пристаниште во Либија. Во поранешни случаи (на насловната фотографија) владата во Малта прифаќаше вакви бегалци. Премиерот Мускат во соопштение сега му се заблагодари на неговиот италијалски колега Енрико Лета, што допушти бегалците да бидат прифатени во неговата земја.

Секоја година илјадници бегалци од Африка преку Средоземното Море се обидуваат да дојдат во Европа за да избегаат од сиромаштијата. Поради поволните временски услови напливот во моментов е особено голем. Според податоци од Малта само во јули во малата островска земја пристигнале 880 бегалци. Според меѓународните договори бегалци со брод во принцип би требало да бидат прифатени во најблиската земја.