1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Италија – комунални избори

На комуналните и регионални избори во Италија се исцртува пат позиција меѓу коалицијата на левите сили на премиерот Романо Проди и на десниот табор под раководство на Силвио Берлускони. Десните сили остварија посебно добри резултати на богатиот север на земјата, додека левите повеќе гласови освоија на сиромашниот југ. Во неколку општини ќе има и втор круг на избори, бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои неопходното апсолутно мнозинство гласови. Пред избирачките кутии беа повикани 10 милиони Италијанци, што изнесува околу една петтина од вкупниот број граѓани со право на глас.