1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Италија запаѓа во владина криза

Италијанскиот премиер Марио Монти најави дека ќе поднесе оставка. Овој чекор го правда со недостиг на доверба од страна на партијата на Берлускони, кој во 2013 година сака повторно да стане премиер.

Италијанскиот премиер Марио Монти најави оставка непосредно по усвојувањето на законот за стабилност и буџет за наредната година од страна на Парламентот во Рим. Ова го соопшти канцеларијата на претседателот на Италија Џорџо Наполитано. Премиерот нема чувство дека се’ уште ја ужива поддршката на парламентот. По крајот на соработката меѓу неговата влада и партијата Народ на слободата (PDL) на Силвио Берлускони тој повеќе неможел ефикасно да раководи со Италија, го цитираше канцеларијата на Наполитано италијанскиот премиер. Монти и претседателот вчеравечер имаа речиси двочасовна средба.

Parlament Rom Italien

Парламентот во Рим

Деснопопулистичката партија Народ на слободата на поранешниот шеф на владата Берлускони во четвртокот минатата недела ја повлече поддршката за технократската влада на Монти во Сенатот и Парламентот и бојкотираше повеќе гласања за достави од владиниот кабинет. Монти на гласањата сепак ги освои потребните гласови, иако пратениците од оваа партија не учествуваа во работата на парламентот.

Владиниот кабинет на Марио Монти од крајот на 2011 година досега беше поддржуван од најголемите политички партии. Премиерот исто така разбуди надеж, дека со него Италија повторно ќе биде постабилна. Поранешниот еврокомесар, меѓу европартнерите и на пазарите се смета за гарант за курсот за штедење на високо задолжената Италија. Но, меѓу сопственото население е поинаку. Според последните анкети на институтите за јавно мислење во земјата се топи поддршката за Монти на рекордно ниски 33 проценти.

„Вечниот“ Берлускони

Italien der frühere Ministerpräsident Silvio Berlusconi in Rom

Силвио Берлускони

Пред најавата за оставка на Монти, Берлускони објави дека има намера да се кандидира за парламентарните избори напролет идната година и по петипат да стане премиер на Италија.

Политичарот и претприемач на просторот за тренинг на неговиот фудбалски клуб Милан изјави: „Ќе настапам за да победам“. Се кандидирал со голема свест за одговорност и на овој чекор го поттикнале неговите приврзанции, изјави тој. Берлускони минатата година мораше да се повлече од премиерската функција поради растечките економски проблеми на Италија.

Недоамна, во прва истанца Берлускони беш осуден на казна затвор поради даночна измама. Суд во Милано предуси дека е виновен за манипулации на цените на неговиот медиумски концерн.

Точен термин за нови избори во Италија се’уште не е определн. Како опција се споменува 10. март. Берлускони ќе треба да се соочи со кандидатот на социјалндемократите Пјерлуиџи Берсани, кој во моментов има добри изгледи да освои мнозинство.